Ќе биде ли „Јужен Поток“ жртвено јагне од руско-украинскиот конфликт?
Објавено во: Анализа 05 Март, 2014 09:53
Од "Газпром" всушност не покажуваат никаква загриженост за судбината на „Јужен поток“. До пред неколку месеци нивната позиција во врска со критиките на ЕК беше дека проектот е меѓународен и не треба да се покорува само на европските директиви. Тие одбија и да преговараат и се подготвуваат да започнат изградба на морскиот дел од гасоводот.
Претходно руските медиуми објавија уште и дека шефот на "Газпром" Алексеј Милер го известил рускиот премиер Димитриј Медведев дека испораките на природен гас за "Јужен поток" ќе започнат без промена во плановите - на крајот на 2015 година.
Друга закана за Русија при решение за економски и политички санкции е неможност на земјата да издаде нови емисии надворешен долг.
Според аналитичарите, цитирани од FT, последиците од санкциите сепак можеби нема да бидат толку катастрофални, какви што се стравувањата.
"Структурните проблеми значат дека руската економија веќе е во стагнација пред кризата во Украина и падот на финансиските пазари", коментира Неил Шеринг, економист во Capital Economist. Во јануари растот на бруто домашниот производ на Русија е едвај 0,8 отсто, додава тој.
За Џејкоб Нил задолжен за Русија во Morgan Stanley, ниската вредност на рубљата, високата инфлација и високите камати ќе доведат до ограничување на финансирањето и забавен раст на економијата. "Цената на нафтата сепак расте, а вредноста на рубљата паѓа. Ова значи дека тие ќе имаат вишок - ќе можат да трошат повеќе пари ", коментира тој.
Русија се наоѓа и во многу подобра ситуација од 2008 година, кога се разгоре воен конфликт во Грузија. Тогаш цената на нафтата падна од речиси 150 долари за барел до 40 долари. Корпорациите исто така се во подобра финансиска состојба од 2008 година, кога централната банка потроши една третина од своите резерви во странска валута, за да спаси компании со големи долгови кон странските кредитори.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





