19 Декември, 2025
0.0431

Ќе дозволи ли државата да изгорат 30 милиони евра домашен капитал

Објавено во: Економија 20 Септември, 2018 06:43

Добивај вести на Viber

Апелациониот суд ја потврди одлуката на првостепениот суд со која се прифаќа барањето за стечај на гасната централа ТЕ-ТО. Решението на апелација ги разгневи доверителите, оштетени од одлуката кои до овој суд се жалеа дека процесот на отворање на стечајната постапка е незаконски и со низа пропусти. Комерцијална банка, Топлификација АД, турската фирма Гама Гуч поднесоа жалба до Апелациониот суд со тврдење дека се оштетени и дека поради прогласувањето на стечајот треба да отпишат долг вреден околу 40 милиони евра. Сега апелација донела пресуда со која ги одбива жалбите и тврди дека нема законска можност да ја оценува уредноста и содржината на предлогот за стечај. За доверителите кои се жалеа, ова е скандалозно.

Инаку долгот само кон Топлификација е околу 30 милиони евра и од оваа компанија уште во текот на постапката алармираа дека одлуката за стечај е со пропусти. Тврдеа дека ТЕ-ТО си отвора стечај сам на себе, а судот без да ги земе прдвид недоследностите во процесот, ја завршува постапката. Сега, по одлуката на Апелацискиот суд од Топлификација велат дека се зачудени од образложението, според кое судот наводно нема законска можност да ја оценува уредноста и содржината на предлогот за стечај и тоа дали се исполнети условите за отворање стечајна постапка. 

„Доколку основа на жалбите на оштетените фирми се наведените незаконитости во процесот на овој лажен стечај кои им се познати и на приправници во правосудните органи, како можел советот на Апелациониот суд да го потврди решението на првостепениот суд и да ги одбие жалбите на оштетените фирми имајќи информација за сторените незаконитости на првостепениот суд преку доставените жалби до овој суд, велат од Топлификација.

Нивниот став е дека ова е организирана поддршка на лажниот стечај во која освен ТЕ-ТО вклучени се и други субјекти и од други државни институции.

Револтирани се и други акционери во фирмата. Велат дека веќе се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство. Управата за финансиска полиција го истражува случајот.

„Според пресудата од апелација, судот се прогласува за ненадлежен, а сепак ја потврдува првостепената пресуда на планот за реорганизација на ТЕ-ТО. Според акционерите на Топлификација станува збор за криминален процес со измислен односно предвремено доспеан долг направен во спрега директор, адвокат, нотар, извршител. Прекршен е законот и нелегално поднесен односно со многу процесни прекршувања во постапката, вели Ивица Стојановски, акционер.

Во текот на постапката, според сомневањата на акционерите се објавувани невистинити финансиски извештаи.

„Илирика е заинтересирана страна во овој случај и истиот го следи со посебно внимание. Нашиот тим на инвестициски советници дојде до сериозни индикации за објавување на невистинити финансиски извештаи. За истото ги извести надлежните институции а се подготвуваат и соодветни пријави со цел заштита на нашите клиенти. Со вакви постапки, покрај очигледната штета, се нарушува генералната доверба во пазарот на капитал и се нанесува трајна штета на берзата. Искрено се надевам дека институциите ќе превземаат соодветни мерки за спречување на ова дејствие и сето ова ќе заврши како што доликува на една правна држава со амбиција да стане членка на ЕУ, вели Коста Костадиновски, директор на Илирика.

Инаку во овој процес оштетени не се само Топлификација, Комерцијална банка и Гама Гуч, туку и многу други доверители, меѓу кои и државни институции. 

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии