19 Декември, 2025
0.0901

Ќе гладуваат ли 1.800 туристи на луксузен крузер откако македонскиот Џејми Оливер остана без пасош?

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2024 12:25

Добивај вести на Viber

Млад скопјанец кој имал успешна кариера и стигнал до ниво да биде шеф на кујна на крузер кој угостува 1.800 туристи се соочува со страшни последици од правниот вакуум што го предизвика нашата држава со укинувањето на старите пасоши, а ненавременото издавање нови патни исправи. Сега Настески го изгуби договорот за работа на брод и се врати дома со патен лист кој важи само во еден правец, само до Македонија

Збрката со македонскит пасоши предизвика многу фрустрации кај граѓаните на кои државата не може да им испорача нови документи за патување. Но за жал, не се најголем проблем редиците за фотографирање или за подигање на изговените пасоши. Многу пострашно е тоа што има граѓаните кои престанокот на важност на пасошите ги фати на работа во странство. Невалидните документи за патување, иако не по нивна вина, ја загрозија нивната и егзистенцијата на нивните семејства.  

Еден таков еклатантен пример е скопјанецот Виктор Настески кој работи на крузер и на компанијата П и О Крусес (P&O Cruises) и тоа на позиција извршен шеф што во суштина значи шеф на кујната на бродот кој сместува 1.800 туристи, а нив ги опслужуваат 820 членови на екипажот. Во превод тоа е функција на која Настески е одговорен за прехрана на сите гости и екипажот. Неговата мака е голема, а неправдата што му се случува е од епски размери.

Договорот за работа му е прекинат затоа што патниот лист е само за во еден правец. Настески пред менаџментот на бродската компанија не можел да даде прецизен одговор за колку време може да извади нов пасош и кога може да се врати на работа.

И според неговото пишување крузот со повеќе од 1.800 патници и над 800 членови на екипажот останува без одговорно лице за тој клучен сегмент од работата и не може да се најде замена преку ноќ.

Сите детали од описот на Настоски може да ги прочитате во неговиот пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ https://www.facebook.com/chef.viktor.nasteski

Впечатокот во јавноста е дека партиите постојано и единствено што прават е да си префрлаат вината за тоа кој ја направил збрката и зошто на време граѓаните не добивале аларм дека последиците од оваа операција ќе бидат горливи, а за некои и егзистенцијални.

Актуелниот министер за внатрешни работи уште кога беше назначен најави дека гледа решение во проблемот само и единствено во продолжување на важноста на пасошите до крај на оваа година.

Но и покрај тоа втора седмица откако сме во правен вакуум затоа што овој предлог за законска измена уште не може да се најде пред пратениците иако илјадници македонски државјани во странство се затекнати со пасоши кои нашата држава веќе не ги признава и се откажа од нив иако рокот не им е истечен.

Р.Ф.

foto freepik.com/chandlervid85

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии