15 Декември, 2025
0.0583

Ќе го следи ли Македонија грчкиот пример со поскапување на патарината?

Објавено во: Економија 02 Април, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Од јавното претпријатие за државни патишта, како што велат од таму, барем засега не планираат да го следат грчкиот пример и да го поскапат надоместокот за патна такса. Нов ценовник по изминат километар нема веќе пет години.

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од вчера се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток. Претходно и Србија објави дека од 1 јануари годинава се менува методологијата на наплата по Моравскиот коридор и ќе се вкалкулираат трошоците за вијадукти, мостови и тунели.

Претходно на секои пет години се менуваат тарифниците за патарина во Македонија. Во 2009 тогашната власт донесе рецесивна мерка да се намалат цените, но во 2014 се врати стариот ценовник. Во 2019 со новата одлука во просек поскапе наплатата, затоа што се воведоа повисоки цени за новите наплатни пунктови на новите автопати кои беа пуштени во употреба.

„ЈПДП во моментот не планира измена на одлуката за висината и  начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат- патарина со напомена дека во 2019 година беше донесена нова одлука каде беше воведен елекронскиот начин на наплата на патарина и цени за новите наплатни станици, а при тоа немаше зголемување на цените за патарина на постоечките наплатни станици.“, ни одговорија од претпријатието.

Последна активност што „Државни патишта“ ја објави во врска со патарините е од пред неколку дена дека се спроведува проектот за електронска наплата низ Коридорот 8. Во тек се градежните и инсталатерски работи на наплатните станици Глумово и Желино на автопатската делница Скопје - Тетово и се очекува тие да бидат во функција за електронска наплата во најскоро време.

На крајот од минатата година директорот Ејуп Рустеми објави дека од патарини се собрани рекордни 62 милиони евра во 2023. И претходната година во 2022 имаше рекордна наплата но за 9 милиони евра помалку.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети