05 Декември, 2025
0.2858

ЌЕ ГО СОВЕТУВААТ ОСМАНИ БЕЗ ПАРИ - Керим и Божиновска се дел од новиот Стратешки совет на министерот

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2021 13:48

Добивај вести на Viber

Јавноста денеска е во најмала рака изненадена од одредени имиња кои ќе го советуваат министерот за надворешна политика Бујар Осмнани, за надворешната политика на земјава. 

Меѓу овие личности, се појавува и името на Срѓан Керим, поранешен дипломат, кој, меѓу другото, е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за пропаднатата Медиа принт Македонија. 

Валентина Божиновска, пак, е позната по тоа што после изборите 2016 година, рече дека тоа ќе биде „вечер на ножевите“.

Ксако што е познато, министерот Бујар Османи денеска го претстави Стратешкиот совет за надворешна политика, кој ќе брои 26 членови. 

Инаку, овој настан беше најавен како претставување на целите на воспостувањето на ова советодавно, експертско тело, во рамки на стратешкиот проект на МНР – Рефлексија 2030.

Рефлексија 2030 предвидува активен и широк општествен консултативен процес што се темели врз три основни столба: формирање Стратешки совет на МНР, одржување на ад хок тематски конференции и серија панели со интересни групи со цел зајакнување на линкот со јавноста и граѓанскиот сегмент на општеството“, се наведува во соопштението од МНР.

На состанокот, како што беше наведено, треба да се разгледаат насоките и ќе се разменат мислења околу процесите на развивање на десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија. 

„Основната цел на овој стратешки документ е навраќање на веќе етаблираните надворешно-политички принципи и вредности, но истовремено и утврдување на приоритетните насоки на делување на надворешно-политички план и зајакнување на позицијата на Република Северна Македонија како одговорен и активен чинител во меѓународните односи“, нагласуваат од МНР.

А Османи денеска имаше состанок со членовите на советот. Како што објасни министерот, за него било битно тоа да бидат луѓе со различни мислења, со цел во тој совет да се разгледуваат разчични ставови. 

Покрај Керим и Божиновска, членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Тоа се квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став“, рече Османи.

Како што кажа Османи, членовите нема да земаат паричен надомест за ова нивно ангажирање. 

Само да потсетиме што рече Валентина Божиновска пред неколку години. 

„Оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев“, кажа меѓу другото, Божиновска. 

А, на денешниот состанок со „стратешките советници“, не беше дојден Срѓан Керим, за кого е познато дека живее во Опатија, Хрватска. 

За него е познато дека е осомничен е за неколку кривични дела, како што се лажен стечај, повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Керим е запаментен по тоа што беше во врвот на МПМ кога компанијата отиде во стечај, а згаснаа четири весници буквално преку ноќ. Сега против Керим се води истрага, но тоа очигледно не е проблем за министерот Османи. 

фото: Фејсбук - Марјан Ѓуровски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија