17 Декември, 2025
0.0689

Ќе има ли Балканот корист ако Русија го затвори небото?

Објавено во: Балкан 11 Септември, 2014 07:41

Добивај вести на Viber

Ако Русија го затвори својот воздушен простор, дел од сообраќајот ќе биде насочен преку Балканскиот полуостров а земјите овде ќе имаат директни приходи од тоа, оценуваат познавачите на состојбите. Премиерот на Русија Дмитриј Медведев предупреди дека руската влада најверојатно ќе воведе реципрочни санкции против Европската унија (ЕУ) како одговор на новиот круг од западни санкции против Москва. Сепак, Советот на ЕУ одобри вчера проширување на санкциите. Ако дојде до конкретни активности, најверојатно Русија нема да го затвори целиот воздушен простор, туку само транссибирските коридори, бидејќи тоа е најдиректен пат меѓу Европа и Азија. Таквата мерка би нанела голема штета на европските големи превозници како Lufthansa, British Airways и Air France, кои главно патуваат до Азија. Транссибирските коридори драстично го намалуваат патот до Азија во просек за околу 4000 км, а патувањето со околу 3 и пол часа. На овој начин се заштедува и гориво. Ова директно ќе се одрази врз цената на билетите за патниците. Компаниите нема да банкротираат, но патувањето до Азија со такви санкции би поскапело. Во моментов за прелети по овие правци европските авиокомпании плаќаат околу 30 милиони долари во просек месечно, тоа во годишен обем е над 300 милиони. Овие пари директно влегуваат во буџетот на "Аерофлот", според договорот од 70-тите години. Ако Москва преземе такви мерки, тоа ќе влијае и врз приходите на рускиот авиопревозник. Во моментов поради санкциите кои се наметнуваат од страна на ЕУ и од Русија, се погодени земјоделството, индустријата, исто така и трговско стоковата размена поради проблемите со пратките преку Украина. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни