28 Септември, 2024
0.0250

Ќе има работа на брод за Македонците – Royal Caribbean Cruises го шири бизнисот!

Објавено во: Анализа 13 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Royal Caribbean Cruises ќе го дуплира бројот на своите огромни бродови. Во моментов, компанијата работи со две од најголемите пловни средства во светот за крстарење - Oasis of the Seas и Allure of the Seas, а во пролетта на 2016 година планира да издаде и трет кој ќе е од класа на Oasis. За време на официјалната церемонија во Франција, разјаснија повеќе во однос за третиот брод, компанијата објави дека нејзините планови вклучуваат и четврти Oasis, кој треба да биде лансиран во 2018 година, пишува BusinessWeek. Третиот Oasis брод ќе биде поголем од првите два, а на бродот ќе можат да се качат вкупно 6300 лица. Другите два пак се конструирани околу идејата за "соседни зони" и се со капацитет од 5.400 луѓе и 2700 кабини. Пред два месеца главниот извршен директор на Royal Caribbean Ричард Фејн изјави дека кога одлучила да ги создаде првите два брода Oasis, компанијата не сакала да ги има најголемите бродови во светот. Според зборовите на Фејн големината им е во функција на различните можности кои ги нудат. Патници со нив можат да уживаат во голем број на погодности, вклучувајќи ѕидови за качување, метежот од колички, сурфање, базени и минијатурна верзија на Централ парк. Новите бродови, особено најголемите кои нудат изобилство на активности, се особено корисни за компанијата финансиски, бидејќи цените на билетите за нив се многу повисоки. "Oasis of the Seas и Allure of the Seas продолжуваат да бидат во една класа во однос на задоволството на гостите и на финансискиот поврат", посочува Фејн. Двата нови бродот Oasis ќе бидат создадени во бродоградилиштето на STX France во Сен Назер. Ниту еден од нив се уште нема име, а Royal Caribbean засега не ги откриваат пристаништата, меѓу кои тие ќе пловат. Royal Caribbean е компанија која вработува голем број на Македонц. Токму за нивните конкурси има голем број на пријавени кандидати кои сакаат да бидат дел од тимот, но и голем дел од нив се враќаат со добра заработка. Новата инвестиција на компанијата потврдува дека бизнисот добор им оди, а тоа значи дека работа ќе има и за сите Македонци кои ќе одлучат на овој начин да дојдат до брза заработувачка. K.K. на следниот линк сторија: Печалбарска е македонската судбина: Отидов на брод да работам!