06 Декември, 2025
0.0475

Ќе мора ли да бираме – Панорамско тркало или Луна парк?

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2014 11:24

Добивај вести на Viber

Вкупно 15,5 милиони евра ќе чини изградбата на Панорамско тркало во центарот на Скопје. Објектот веќе е договорено да го гради градежната фирма „Бетон“, која беше единствен понудувач на тендерот. Таа за Панорамското тркало бараше над 18 милиони евра, Градот беше подготвен да плати само 12 милиони - па се најдоа некаде на средина. Ова сепак се само првичните трошоци проценети пред почетокот на изградбата. Парите треба да ги обезбеди Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје од сопствениот буџет и со донации од Владата, и тоа во неколку буџетски години до 2018-та. Според проектот, тркалото треба да има и ресторан, кафе-бар, продавница за сувенири и билетарница, ќе биде високо 73 метри, со дијаметар од 57 метри, ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца. За опозицијата овој проект е прескап и непотребен, па бара истите пари да се вложат во обнова на скопскиот Луна парк. Тендерот за овој проект веќе неколку пати пропаѓа, затоа што Градот Скопје не може да најде фирма заинтересирана за јавно-приватно партнерство, која би била концесионер на Луна паркот. Компаниите не се пријавуваат на тендерот затоа што сметаат дека нема да им се исплати инвестицијата, особено затоа што и во самиот проект е наведено дека паркот во моментот работи на границата на рентабилност. Затоа опозицијата предлага парите од Панорамското тркало да се пренаменат на модернизација на овој објект за кој се покажа невозможно да се најде приватен инвеститор. Но, според градоначаникот Коце Трајановски, нема да има потреба да се избира. Градот е подготвен од сопствен буџет да ја финансира обновата на Луна паркот и од проектот нема да се откаже. „Од следната година во буџетот ќе се предвиди реализација на овој проект, а ќе побараме помош и од Владата. Според студијата, обновата на Луна паркот чини околу седум милиони евра, но тој ќе се гради етапно, година по година“, рече Трајановски на седницата на Советот на Град Скопје. Според проектот, новиот Луна парк треба да се гради на површина од 40.000 квадратни метри, а во него треба да се изградат современи реквизити и атракции за забава, угостителски објекти, затворен дел за играње, дел за продажба на сувенири, паркиралиште и техничка инфраструктура.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија