18 Декември, 2025
0.1398

Ќе мрдне ли од мртва точка: Ќе бараме пари како инвестициски грант за железницата Крива Паланка - Деве Баир

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021 09:25

Добивај вести на Viber

Се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите. Ова го соопштија од Министерството за финансии по средбата на министерот Фатмир Бесими со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. Теми на средбата биле планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско - инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ.


Бесими рекол дека во рамки на Eкономско - инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти.

„Во овие рамки се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите.

Економско - инвестицискиот план на ЕУ им овозможува на земјите од Западен Балкан пристап до европски грантови во износ од 9 милијарди евра, а се планира да се обезбедат уште 20 милијарди евра дополнителни инвестиции.  И според најконзервативните проекции на ЕК, спроведувањето на инвестицискиот план може да го поттикне растот во земјите од Западен Балкан за најмалку 3,6 процентни поени, смета Бесими.

Инвестицискиот пакет се однесува на проекти  во клучни области како транспорт, енергија, животна средина, дигитална економија и инвестирање во младите и во приватниот сектор.

Исто така, на состанокот, министерот потенцира дека Владата е посветена да ја зголеми искористеноста на ИПА фондовите преку предлагање добро разработени („зрели“) проекти, коишто можат лесно и за куспериод да почнат да се имплементираат.

Двете страни заклучија дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за стабилноста и безбедноста во Европа.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?