ЌЕ НЕМА ПЛАТА ЗА 4.400 ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНСКА ПОШТА И МЖ ТРАНСПОРТ И ИНФРАСТРУКТУРА? Министерот Николовски вели неизвесно е дали тие ќе земаат плата до крајот на годината
Објавено во: Економија 09 Јули, 2024 06:00
Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плата до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави синоќа министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.
На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.
Посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.
-Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.
За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР.
Инаку, Николоски вечерва присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




