„ЌЕ ОСВОИМЕ ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО 2017 ГОДИНА“: СДСМ вели дека Мицкоски е во шок од изборниот резултат
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2025 10:32
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, велат од СДСМ.
„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа. Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување“, соопшти опозициската партија.
Според нив, владејачката партија лажно ги мотивира своите гласачи, додека СДСМ ја продолжува кампањата.
„Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните“, реагираат од СДСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





