ЌЕ ПАДНАТ ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ДОЖД, МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ - синоптичарите од регионот предупредуваат, бидете внимателни
Објавено во: Балкан 07 Септември, 2024 16:40
Наглата промена на времето која ја најавуваат дел од синоптичарите во регионот може да доведе и до поплави.
Поради опасност од големи количини дожд кои може да наврнат со промената на времето која ќе настане следната недела, метеопрогнозерите повикуваат на внимателност.
- ВНИМАНИЕ!!
Доколку се остварат овие акумулации на врнежи, кои се очекуваат за краток временски период во наредната недела, речиси сигурно се очекуваат поплави во алпските земји, северна Италија, северозападна и западна Босна и Херцеговина, како и во Хрватска и северниот и централниот дел на Јадранот.
Реката Сава може драстично да порасне!!
Реално се очекуваат и проблеми со водостојот на реките како што се Купа, Корана, Уна, Сана и Врбас.
Сепак, многу поголеми проблеми би можеле да предизвикаат помалите реки и потоци, особено во областите на стрмни планински падини кои би можеле да се претворат во опасни порои.
Веројатно наскоро ќе биде издадено предупредување за екстремни временски услови, кое може да ги зафати југоисточниот и југот на Европа во наредната недела!! - пишува во објава на социјалните мрежи каде се потпишува проф. Зоран.
Еве ја објавата.
Фото: Инстаграм/Архива
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




