19 Декември, 2025
0.3973

Ќе поевтини струјата?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2013 20:00

Добивај вести на Viber

Поевтина струја се најавува за летово. Сепак сеуште не е познато за колку, бидејки пресметките ќе се прават во јуни кога компаниите ќе ги достават пресметките. Лани домашните капацитети, термо и хидро централите произведоа максимум струја, а увозот е многу помал споредено со 2011 година. И државните електрани деновиве излегоа со податоци дека само во март годинава хидроелектраните произвеле 208,7 гигават часа, за разлика од истиот месец лани кога биле произведени само 55 гигават часа. Поради добрата хидролошка состојба ЕЛЕМ исклучиле и дел од термоцентралите, а останатиот дел работел според потребите. Но обновливите извори од идната година ќе се зголемуваат. Во Богданци ќе биде отворен ветро парк, втор по големина на на Балканот. ЕЛЕМ веќе почна да го гради ветропаркот. Тој ќе биде најголем на балканот, по оној во Хрватска. Се очекува да биде готов во 2014 година. За почеток целото производство ќе биде наменето за македонските потреби. Цената од ветерниците ќе чини 89 евра за мегават час. Целиот проект чини 55 милиони евра. 32,9 се обезбедени преку КФВ банка, а останатите 22,6 милиони евра се сопствени сретства на ЕЛЕМ, пишува Алфа.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра