18 Декември, 2025
0.0989

ЌЕ ПОСКАПУВААТ ХРАНАТА И СТРУЈАТА: Војната во Украина нов „шок“ за македонската економија

Објавено во: Економија 01 Март, 2022 07:14

Добивај вести на Viber

Понизок економски раст, па и рецесија во некои земји ќе бидат неизбежен ефект од војната во Украина, прогнозираат аналитичарите. Централните банки не се сомневаат дека конфликтот ќе значи и негативен економски удар, но засега е неизвесно колкав ќе биде тој. Тоа секако ќе зависи од времетраењето на воените дејствија односно дали набрзо почнатите преговори ќе водат до мир. Македонија не е изложена многу економски кон Русија и Украина, но трговската размена со руската федерација воопшто не е занемарлива. Додека светот па и Македонија воведуваат санкции кон оваа земја поради воената агресија, познавачите стравуваат и од последиците за македонската економија од воведени контрасанкции кои може да се извесни во иднина. Македонија извезува во Русија земјоделски производи, вино, но и некои други готови производи од прехранбената и фармацевтската индустрија најмногу. Во Народната банка вчера на седница на Советот дискутирале за актуелната ситуација и за последиците за економијата коишто можат да произлезат од натамошниот развој на ситуацијата.

„На седницата беше констатирано дека треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија, велат од Народната банка.

Вицегувернерката на Народна банка, Ана Митреска синоќа во Топ тема изјави дека една од директните непосредни последици од оваа криза е растот на цените на основните производи, енергенсите, житариците и металите.

„Русија и Украина се едни од клучните глобални снабдувачи на овој вид суровини. Ние увезуваме храна и енергенси кои учествуваат со 50 проценти во нашата кошничка. И минатата година бевме изложени на раст на глобалните цени. Оваа криза дополнително создава притисок на примарните производи. Не само за нашата економија, туку и за сите. Нашите проекции во однос на инфлацијата се проследени со нагорни ризици и нагорна корекција на инфлацијата. Каков ќе биде исходот е условено од времетрањето на кризата, рече Митреска.

Од народната банка додаваат дека заштитните механизми во нашиот финансиски систем се соодветни и тој ќе продолжел да функционира непречено и да овозможи поддршка на економијата. Велат дека руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, така што од тој аспект немало изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем. На седницата на Советот било констатирано дека девизните резерви се во сигурната зона и обезбедуваат доволна девизна ликвидност на домашната економија и стабилност на домашната валута

Трговската размена со Русија лани изнесуваше околу 200 милиони долари, од кои 56 милиони се извоз. Третина од земјоделските производи завршуваат на рускиот пазар.

Производителите стравуваат, а во грч се и транспортерите.

Една од најголемите последици кои секако ќе се почувствува овде, се тврди, е растот на цените и продлабочувањето на енергетската криза.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?