05 Декември, 2025
0.0483

Ќе потпишеме ли конечно договор со Русија за влез во Јужен Поток

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2013 08:28

Добивај вести на Viber

Последните информации говорат дека на економскиот форум во Санкт Петерсбург во Русија се отидени министрите за финасии и економија Зоран Ставрески и Ваљон Сарачини, како и првиот човек за привлекување на странски инвестиции Веле Самак. Според најавите на Ставрески, Македонија во северната руска престолнина треба да потпише договор за приклучување кон мега гасоводниот проект Јужен Поток.   Неодамнешните најави, на форумот во Санкт Петерсбург треба да биде потишан договорот меѓу Македонија и Русија за вклучување на земјава во гасоводот „Јужен Тек“. Со изградба на кракот очекувањата се дека ќе се реши гасификацијата на Македонија. Сепак барем засега, освен минатонеделната најава на Ставрески, друга официјална информација сеуште нема од Петерсбург. Дали македонскиот влез во Јужен Поток зависи од Србија? Според податоците една од опциите беше кон Македонија да се пушти крак од токму од Србија. Истовремено, српските надлежни власти правеа испитувања околу исплатливоста и техничката можност за земјава да се поврзе со Јужен Поток. Првиот човек на „Газпром“ Милер на средба со српските власти се интересирал за Јужен поток Српска делегација на чело со министерот за природни ресурси и просторно планирање Милан Бачевиќ, вчера во попладневните часови остварија средба со првиот човек на рускиот гигант Газпром, Алексеј Милер. Според информациите на „Фактор“, а потврдени и на официјалната веб страна на Газпром, на средбата од српска страна присуствувал и генералниот директор на Јавното претпријатие „Србија гас“, Душан Бајатовиќ. На средбата се разговарало за економските и технолошките аспекти на проектот "Јужен тек" на територијата на Србија. Посоебен акцент е ставен и на прашањата за финансирање на изградбата на српскиот дел од гасоводот и функционирањето на заедничката компанија.Исто така на средбата станало збор и за имплементирање на долгорочниот договор за снабдување со руски гас во Србија. Доброупатени извори за Фактор, не ја исклучуваат можноста на оваа средба да се разгледувало и македонското прашање, односно нашиот влез во Јужен Поток, така што извесно е дека до денеска ќе се знае конечната разврска околу тоа дали Македонија конечно ќе стане дел од Јужен Поток. Инаку, според информациите доколку се постигне договор тоа практично би значело дека Русија ќе го врати “клириншкиот долг” кон Македонија  направен уште во советското време, а е во висина од 60 милиони долари. Самитот во Санкт Петерсбург во полн ек На 17-от меѓународен економски форум или според многумина рускиот Давос се дискутира на тема „Перспективите на глобалната економија - време на решителни дејства“. Вчера на форумот учествуваше и рускиот претседател, Владимир Путин, кој се се сретна со претставници на бизнисот и деловните заедници од државите на Г-20. Форумот се очекува да го посети и германската канцеларка Ангела Меркел. Петерсбуршкиот самит завршува утре, а него учествуваат околу 5000 гости. Минатата година на форумот беа потпишани повеќе од 80 бизнис зделки во вредност од преку 10 милијарди долари. И.М

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите