ЌЕ ПРЕГОВАРААТ: ЕУ ги одложува контрамерките против САД
Објавено во: Економија 13 Јули, 2025 19:21
Европската Унија(ЕУ)ги одложува контрамерките против САД до август.
Тие требаше да стапат на сила во понеделник, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Сега е време за преговори“, изјави фон дер Лајен, пренесува „АП“.
Таа рече дека „контрамерките“ се одложени до 1 август, што значи дека САД и ЕУ ќе имаат околу две недели за преговори.
„Секогаш јасно стававме до знаење дека сакаме да најдеме решение преку преговори“, рече Фон дер Лајен.
Вели дека ЕУ ќе продолжи да подготвува контрамерки.
Таа оцени дека трговските тензии со САД покажуваат колку е важно ЕУ да ги диверзифицира своите трговски односи.
Таа претходно изјави дека американските царини од 30 проценти за извоз од Европската Унија ќе им наштетат на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека почнувајќи од 1 август, ќе воведе царина од 30 проценти за сите стоки увезени од Европската Унија и Мексико во САД.foto EPA/OLIVIER MATTHYS
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




