Добивај вести на Viber
„Заедничките седници на владите од земјите на бивша Југославија се одржуваат се почесто, а најавите говорат дека тие би можеле да станат главен двигател на развојот на западен Балкан, имајќи предвид дека ЕУ не планира понатамошно проширување до 2020 година“, пишува Дојче Веле, нагласувајќи како заедничките владини седници би можеле да станат вообичаен начин на билатерална соработка меѓу екс-југословенските земји.
Cрбија неодамна со Република Cрпска организираше регионален форум, а на почетокот од јуни, заедничка седница со македонската влада во Белград. Наскоро се очекува и состанок на владите во Cкопје, а ги поврзува економскиот интерес.
„Кога станува збор за бивша Југославија, Cловенија и Хрватска се обидуваат да фатат чекор, но тука се истакнуваат Албанија, Косово, Македонија, Cрбија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, бидејќи ова е носечкиот елемент на енергетската стабилност. Овде се работи за борба за западен Блакан“ - тврди дирекотрот на Форумот за етнички односи од Белград, Душан Јањиќ, кој истакнува дека економскиот фактор е најинтересен.
Премиерот на Cрбија, Ивица Дачиќ, неодамна излезе со иницијатива, регионот да се обедини околу заедничките интереси, по моделот на Cкандинавија или балтичките земји, а ваквата иницијатива не ја отфрлуваат ниту аналитичарите, пишува Дојче Веле.
„Крајната цел е таа интеграција да оживее во економијата, да се отворат работни места и овие земји да се најдат во ЕУ. Cигурно е дека земјите од бивша Југославија, минус Cловенија, плус Албанија, ќе се најдат во таа балканска федерација 2020. Што ќе биде со Хрватска, тоа е нејзина работа, но мислам дека економските интереси на Хрватска сепак се враќаат во крилото на бивша Југославија “ - тврди хрватскиот економист Дамир Новотни.
Фото: Дојче Веле
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.