05 Декември, 2025
0.2085

Ќе се градат помалку станови и згради, а повеќе автопати и железница!

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2014 09:26

Добивај вести на Viber

Се намалува бројот на издадените одобренија за градба. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во ноември 2013 година издадени се 21,6% помалку одобренија за градење во однос на истиот месец од претходната година. Издадени се вкупно 182 одобренија за градење во тој месец, од нив 160 се наменети за објекти од високоградба, 6 одобренија за градба за објекти од нискоградба и 16 за реконструкција. Анализата на податоците покажува дека бројот на издадени одобренија за градба кај објектиоте од високоградба е намален за 9,6% во неомври 2013 година во однос на истиот месец од претходната година. Додека кај бројот на издадени одобренија за објекти од нискоградба е намален за 66,7% во истиот период. Намалување има и во однос на проценетата вредност на објектите што ќе се градат. Или според Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите  треба да изенсува 31,8 милиони евра што е намалување за  31.2% во однос на истиот месец од претходната година.
„Најмногу одобренија за градба во ноемрви 2013 година биле издадени во Теарце – 17, потоа во Кочани – 16, Гостивар -12 , Илинден -10, Тетово -8, Петровец -7, Куманово-7,Прилеп-7,  Штип-6, Кисела Вода -5.“
Јанакиески: ќе имаме големи проекти во ниско градба Од владата пак сметаат дека намалувањето на бројот на издадени одобренија за градба, нема да придонесе за пад на градежништвото што беше клучната гранка за раст на БДП, со оглед дека има најавени повеќе крупни инфраструктурни проекти.
„Оваа и следната година, очекувам да се намали изградбата во високата градба, но ќе имаме големи проекти во нискоградбата. Тоа веќе го најавивме. Покрај изградбата на автопатиштата и железницата, морам да кажам дека владата одобри и Закон за изградба на кракот од Клечовце до Блок Станицата 5 односно делот после  Штип,така што очекувам годинава да почне и изградбата на гасификацијата, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за Фактор.
Дека оваа година се очекува намалување на градежните активности во високоградба неодамна за Фактор посочија и од скопска Цемантарница, од каде велат дека сепак се очекува најавените проекти во инфраструктура од страна на владата да го движат градежниот сектор.
„За оваа 2014 година прогнозите за нашата компанија повторно ни се помалку песимистички. Тоа произлегува оттаму што ние ги следиме трендовите и случувањата. Како податок врз кој го темелиме овој наш став ќе го наведам фактот дека бројот на издадени градежни дозволи во изминатиот период драстично се намалува. Тоа значи дека и очекувањата за изградба на станбени и деловни обејкти се многу помали. А бидејќи ние сме директно поврзани со тој сектор, практично тоа ни кажува дека и нашето произвдотсво ќе бидат помало. Сепак со внимание ги следиме трендовите и најавите за големи проекти од страна на владата, кои пак најверојатно ќе придонесат да се намали падот кој веќе го забележуваме во последните месеци од 2013 година и дека тие големи проекти  ќе придонесат да се намали тој губиток, изјави Борче Христафов од Цементарница Усје.
Опозицијата пак веќе посочи дека од Буџетот за годинава се гледа дека владата повторно се потпира на градежништвото кое треба да биде главниот носител на растот. Но смеаат дека иако сега има мало освестување кај владата и после седум години фрлање пари за споменици, сега се најавува изградба на автопатишта, проблемот е што тоа се прави повторно по истиот модел односно со кредити. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите