05 Декември, 2025
0.0811

Ќе се гради црква во Општина Бутел

Објавено во: Македонија 30 Август, 2013 13:05

Добивај вести на Viber

Наредниот месец се очекува да биде поставен камен-темелник за новиот храм „Свети Јован Kрстител“ во Општина Бутел, пишува Дневник. Црквата треба да никне на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“. Според најавите, игралиштето ќе биде дислоцираностотина метри подалеку, во дворот на ОУ„Свети Kлимент Охридски“. - Подготвителните работи за црквата се почнати уште пролетта кога почна да се расчистува просторот, да се гребе асфалтот од игралиштето и да се отстрануваат други придружни објекти. Се рамнеше теренот, но имаше мал застој поради нерешените имотно-правни работи. Сега нема ништо спорно и очекуваме наскоро да започне изградбата, вели портпаролот на Општината Снежана Клинчарова за Дневник. Сопственикот на „Мак оил“ Мите Јовановски ќе ја финансира изградбата на црквата, која според ктиторот Јовановски, ќе чини од 1,5 до 3,5 милиони евра. - На 2 или 5 септември ќе пристигне фирмата „Бетон“од Штип, која е изведувач, а треба да се договорам и со Македонската православна црква. Трипати почнував и трипати беа запирани работите. Темелите се ископани уште пред пет месеци, но се појавија проблеми со привремените објекти. Општината Бутел расчисти 90 отсто од работите, остануваат оние 10 отсто, но сепак ќе почнам. Ова си го ветив уште пред 20 години. Господ мене ми даде. Бев обичен занаетчија, сега имам с`, сега е ред јас да возвратам. Kамбанариите се купени уште во 1997 година и се кај мене дома, а нема смисла ниту да чекаат граѓаните, вели ктиторот Јовановски. Проектот предвидува црквениот објект да се простира на над 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Црквата ќе добие и помошни простории за крштевање, со кои таа ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 квадратни метри. Kамбанаријата, пак, ќе биде висока 36 метри. Kтиторот Јовановски очекува храмот да биде готов за четири години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите