05 Декември, 2025
0.1072

Ќе се гради ли пруга кон Албанија?

Објавено во: Македонија 03 Април, 2014 08:53

Добивај вести на Viber

Ќе стане ли пругата кон Албанија реалност? За изградбата на нова пруга од Кичево до Лин, граница со Албанија во должина од 70 км, според првичните проценки потребни се 300 милиони евра. Стопанствениците веќе со години наназад алармираат дека е неопходно железничко поврзување со Албанија што ќе биде од значење за вкупната економија. Владините најави се дека за шест години трасата ќе биде изградена, а македонските возови ќе сообраќаат по новата пруга кон Албанија. Што најави владата за пругата кон Албанија? Во изборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за 2011 -2015 година е наведено дека заради комплетна доизградба на Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија, потребно е да се изгради и западниот дел од трасата во должина од 70 километри кон која гравитираат општините Кичево, Другово, Дебарца, Охрид и Струга, поточно местата Брждани, Јудово, Сливово, Арбиново, Издеглавје. Манифест на ВМРО-ДПМНЕ 2011 -2015: „Изградба на „Мешеиште, Струга, Радожда и Лин и која ќе ги поврзува Република Македонија и Албанија со комплетна железничка инфраструктура. Со издвоени средства од Буџетот на Република Македонија Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изработи физибилити-студија, идеен проект и студија за влијание врз животната средина за целата делница. За завршување на овој проект потребно е да се комплетира техничката документација и да се реализира изградбата. Потребни се средства во износ од околу 300 милиони евра, од кои за проектирање околу 3 милиони евра и се планира да се обезбедат од меѓународни финансиски институции.“ Рок: 2013- 2020 година. Што е реализирано досега?   Иако постапката за избор на проектантот  и склучувањето на договорот со компанијата која ќе ги прави проектите се најавуваше да биде завршена вуште лани, сега од министерството за транспорт и врски според последните информации најавуваат дека тоа ќе се случи во текот на оваа година. Односно годинава треба да биде завршена постапката за избор на проектантот и да се склучи договор, а потоа во рок од 24 месеци треба да бидат готови проектите. Парите за изработка на инвестициско-техничката документација се од претпристапните фондови на ЕУ, а дозволен е буџет изнесува 8 милиони евра. „За железничкото поврзување со Република Албанија, до сега се изработени физибилити студија и идејни проекти, а во тек е тендерската постапка за избор на консултант кој треба да ги изработи основените проекти, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски на почетокот на годинава во отчетот за сработеното во текот на минатата година. Овој проект беше потенциран и во отчетот за сработеното на министерството за транспорт и врски и во 2012 година. „Првата фаза на јавниот повик за претквалификација е објавен на 21.12.2012 година, и истиот ќе трае до 25.01.2013 година. Градежните работи ќе траат 24 месеци од склучувањето на договорот за изведување на градежни работи, изајви Јанакиески во отчетот за сработеното во 2012 година. Инаку, оваа железничката пруга инаку е предвидена и со одлука на Европската Комисија, како еден од 10-те пан европски транспортни коридори, кој треба да биде врска од Црното Море преку Бугарија, Македонија и Албанија до Јадранското Море. Со прелиминарната студија, од понудените неколку варијанти беше избрана траса со должина од 62,5 километри. Во анализата предвидена е изградба на едноколосечна електрифицирана пруга за брзини не помали од 100 km/h и осовински притисок до 250 kN. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија