ЌЕ СЕ ИНТEНЗИВИРААТ РАЗГОВОРИТE: Заев очекува дека до вторник ќе има решение со Бугарија
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020
Премиерот Зоран Заев се надева дека до вторник ќе најдат решение со Бугарија, со цел да не го попречуваат почетокот на преговорите со ЕУ.
Деновиве разговорите ќе се интензивираат.
Тој вели дека вистинските европски политичари мора да му дадат шанса на процесот.
„Имавме разговори кои се одвиваа во конструктивна атмосфера. Договорот со Грција ме подучи дека на Балканот решението што ќе се изнајде ќе треба да е победничко за двете страни. Не сме стигнале до таму за решение со Бугарија, но процесот не треба да се одвива преку јавноста, нема да правиме шоу за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за јавноста во двете земји, но не го решава спорот. Имаме јасни позиции и ќе работиме со Бугарија на заедничко победничко решение. Македонскиот идентитет е гордост и ќе остане гордост како планина и без да правиме националистички спектакл за ова прашање“, изјави Заев.
Вели дека целта е преку комисиите, онаа за историски прашања и меѓувладината, да се изнајдат решенијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека потценувачки е односот на Заев и Владата кон македонскиот народ, македонската држава, историја и национални интереси.
„Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно. Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега?“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.
Од партијата сметаат дека единственото решение е Влада за национален спас.
Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов вчера рече дека во Софија разговорот траел долго и дека сега работите зависат од Скопје, дали ќе се решат или не.
Тој спомена дека има две опции за македонските преговори.
Бугарија последниов месец ги интензивира заканите дека ќе стави вето на почетокот на преговорите.
Инсистираат дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева претходно изјави дека тие ќе прифаќаат реалноста, но Македонија мора да го прифати минатото.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.