12 Декември, 2025
0.0476

Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега

Објавено во: Економија 12 Декември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Конзорциум предводен од хрватскиот производител на опрема за пренос на електрична енергија „Далековод“ потпиша договор вреден 19,7 милиони евра  со МЕПСО, националниот оператор за пренос на електрична енергија, за изградба на 400 kV далновод кој историски се гради 10 години и треба да не поврзе со Албанија заради стабилно стратешко енергетско снабдување.

Конзорциумот, исто така, ја сочинуваат босанската електроинженерска фирма ELNOS и српската градежна компанија „Кодар Енергомонтажа“, Договорениот проект вклучува испорака и изградба на 400 kV далновод од трафостаницата 400/110 kV „Битола 2“, преку трафостаницата 400/110 kV „Охрид“, до границата меѓу Македонија и Албанија, односно Еллбасан. Ова е важен инфраструктурен проект што ќе обезбеди долгорочна стабилност на електроенергетскиот систем во поширокиот регион, соопшти „Далековод“. Планираниот датум на завршување е средината на 2028 година. 

Ова немаше да го знае никој доколку фирмата-ќерка на „Раде Кончар“ тоа самата не го објавеше пред хрватските медиуми. Досега никој не објави ни прецизни бројки колку пари се исплатени за досегашната изградба на проектот. Претходно годинава МЕПСО објави дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ од БИХ, по што беше распишан нов тендер под надзор на Европската банка за обнова и развој.

АД МЕПСО објави дека до неодложно раскинување на договорот довело неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања. Тоа, потенцираат, довело до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни. 

– Договорот со „Енергоинвест” ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, беше склучен на 7 февруари 2020 година, со рок за завршување од 30 месеци. Рокот истече на 30.05.2023 година. Треба да се истакне дека во овој период, изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, „клуч на рака”. И покрај повеќекратните напори на АД МЕПСО за усогласување и преговарање, договор не беше постигнат. Затоа, АД МЕПСО ја донесе неопходната одлука за раскинување на договорот, наведе претходно МЕПСО.

Од започнување на проектот, соопшти тогаш компанијата, биле реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови (8,9 проценти), а доставени се 51,2 проценти од опремата. Сараевската компанија тендерот го доби во 2020, со рок за завршување од 30 месеци. Тој рок истече на 30 мај 2023, а далекуводот не беше изграден.

Од тука, тешко е споредливо што е пореално - сегашниот договор од 20 милиони евра со „Далековод“ или претхoдно раскинатиот со „Енергинвест“ кој првично беше потпишан на 17,2 милиони евра, а во меѓувреме при тоа беа побарани повеќе пари, но и некои работи веќе беа извршени.

– Колку што знам и според договорот, а и да се потврди дека ништо не направиле тие, имаат технички капацитети, не се задржуваат на договорот и ги зголемуваат цените. Пратија фактура на МЕПСО и место 2,5, побараа 7,5 милиони евра. Затоа не верувам дека треба да платиме некакви пенали, можеби е обратно – изјави министерката за енергетика Сања Божиновска пред точно една година по раскинувањето на договорот со „Енергоинвест“.

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, во април рече дека за далноводот веќе биле исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест, од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции.

„Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија“, образложи Љатифи.

Проектот за енергетско поврзување меѓу Македонија и Албанија е започнат во 2014 година. Реализацијата на проектот е од огромно значење за нашата земја, бидејќи со него ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија, до Италија.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси

ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?

ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?

ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“

ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“

Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“

Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“

Зимзоленд нема да затвори

Зимзоленд нема да затвори

ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време

ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време

Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници

Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба