ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време
Објавено во: Економија 12 Декември, 2025 06:30
Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и вештачката интелигенцијата, укажува експертот за трудово право и професор на Правниот факултет во скопје, д-р Лазар Јовевски, откако во компанија во државава првпат е воведена четиридневна работна недела како пилот проект.
Јовевски вели дека „дигитализацијата и вештачката интелигеција значат губење на работни места“ и оти скратувањето на работното време е дел од сценариото за превенција од големи отпуштања од работа. Укажува дека работодавачот е тој што го организира работното време и таквите постапка треба да се спроведуваат постепено и не во сите сектори бидејќи во некои не е изводливо.
- Ако ги гледате европските земји, токму заради имплементацијата на работните места и воведувањето на дигиталната економија во рамки на производството се генерира вишок на работна сила. И затоа прв чекор кон социјален мир е намалување на работното време, рече Јовевски, во гостување во емисијата „Да си кажеме“ на ТВ Телма.
Тој вели дека Законот за работни односи во државава дава убава можност со која работната седмица може да изнесува најмалку четири, а најмногу шест работни дена.
Коментирајќи го првото воведување на четиридневната работна недела во компанија во државава посочува дека со работа од по осум часа дневно, вкупно ќе се работи 32 часа неделно. Тоа, вели, е под стандардот што го пропишува ЗРО, што не е забрането, може да функционира и така. Саатницата ќе биде повисока ако се задржи истата плата.
- Суштината на нашиот трудово правен систем е дека работодавачот е тој што го организира работното време. Никој во Македонија нема обврска да работи шест или пет часа. Може да работат и четири часа, ако така решат. Моќта на решавање во овој случај, не е кај работниците, не е кај синдикатот, ниту е кај Владата - кај оние кои креираат политки, туку е буквално кај работодавачите особено во бизнис секторот, рече Јовевски.
Во јавниот сектор, како што рече, нема специјални одредби кои се однесуваат директно на работното време. Исто така во овој случај се применува Законот за работни односи за вработените во јавниот сектор и тука може да се применуваат, да се модифицираат флексибилни форми и начини на распоредување и прераспоредување на работното време.
Јовевски, кој уште пред неколку години во научен труд предложил да се намали работното време во јавниот сектор во петок или среда за два часа истакува дека клучен момент е колку ќе се задржи продуктивноста, која во државава е под европскиот просек.
Убаво е, вели, да бидеме просперитетна Македонија со достоинствени плати, убаво е и да се споредуваме но тоа не е секогаш добро затоа што имаме наши објективни параметри и култура.
- Треба да видиме што се случува со продуктивноста односно непродуктивноста во јавниот сектор, со секоја чест на исклучоците, има административни службеници кои работат не за еден туку за повеќемина. Треба да се види тој дел, дали политизацијата, дали превработеноста, дали некои други фактори влијаат на ниската продуктивност и незадоволството коишто доаѓаат до граѓаните, вели Јовевски, посчувајќи дека радикалниоит рез за „сечење“ можеби е најбрзо, но не е наједноставното решение поради социјалниот импакт.
Според Јовевски, моментот дека ќе се работи помалку, а ќе се зема иста плата мотивира и дава ветер во едра за да се работи повредно.
- Има бизниси или јавни сектори каде ова е возможно но некаде ќе биде предизвик ако се стави во закон. Доколку во јавниот сектор се спроведува ваков проект треба да се оди чекор по чекор со намалување на саатицата за да се проба и да се види дали ќе се зголеми продуктивноста. Просекот на ефективно работно време е помеѓу пет-шест работни часови, укажува професор Јовевски. Посочува и дека истовремено и менаџментот треба да работи на едукација, себеизградување и воспоставување повисоки стандарди во однос на тоа како треба да се организира работата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?
Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега
ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“
Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“
Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници
Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место
Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба
Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок




