ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Гаши дефинитивно предлог за собраниски спикер

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024 17:45
Африм Гаши ќе биде собраниски спикер, објави Тв 24.
Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива
На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија
Утре претпладне во Собранието ќе почне конститутивната седница која ќе го официјализира 11 парламентарен состав во македонската политичка историја.
Според Деловникот, со седницата ќе претседава најстариот по години пратеник, односно со 66 години Мерита Колчи Коџаџику од коалицијата ВРЕДИ. Ако и таа не е во можност да претседава со седницата, тоа право преминува редоследно на наредниот највозрасен избран пратеник.
Четири точки се ставени на дневен ред. Прва ќе биде изборот на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, а потоа следи верификација на мандатите на пратениците. Третата точка е предлог за избор на претседател, заменик, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и четвртата изборот на претседател на Собранието на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
