Ќе се поставуваат автоматски рампи на патарините – инвестиција вредна 110 илјади евра
Објавено во: Македонија 22 Август, 2013 10:59
Автоматски рампи на патарините ќе бида поставени во Македонија. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со фирмата “АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ - Скопје“ во вредност од 110 илјади евра за набавка на автоматски – стоп рампи, објави „24 Вести“.
Од државната фирма информираат дека станува збор за втор обид за модернизација на патарините со нови рампи.
Првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата – носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца.
На новиот јавен повик интерес пријавиле две фирми а изборот е направен преку електронска аукција.
Дополнително, јавното претпријатие за околу 70 илјади евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, пишува „24 Вести“
Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





