Добивај вести на Viber
По пат на електронско наддавање ќе се продава земјоштето на езерото „Младост“ со почетна цена од 283 денари за метар квадратен, наменет за градење на хотелиски комплекси и мотели.
Покрај продажбата на земијиштето кај езерото „Младост“ во општина Велес исто така заинтересираните ќе имаат можност да се наддаваат за парцели кои се наменети за изградба на станбени згради за домување во објектот во близина на касарната и станбени куќи во населбата Тунел.
Почетната цена во зависност од објектите кои се предмет за градење ќе биде различна за метар квадратен за станбените згради за домување во близината на касарната е 1.680 денари за метар квадратен, а за станбените куќи во населбата Тунел изнесува 61 денар.
-Од денот на објавувањето, сите учесници имаат 30 дена да достават апликација за учество по што во рок од седум дена ќе почне и наддавањето за 13 парцели од кои осум се на езерото „Младост“, две се во близината на касарната и три во населбата Тунел изјави Елизабета Јовчевска, раководител на Одделението за општи правни работи по овластување.