17 Јануари, 2025
0.0357

Ќе се рализираат ли барем дел од целите на Стопанската комора на Македонија?!

Објавено во: Економија 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Раст на БДП по вработен од 33 отсто, 7,5 милијарди евра директни странски инвестиции, раст на регионалната трговија од 230 отсто, 300.000 нови високообразовани луѓе, 20 проценти повеќе нови претпријатија, 130 проценти повеќе извоз и 15 отсто повеќе вработени се дел од целите кои земјите од ЦЕФТА треба да ги остварат во втората фаза на договорот којашто трае до 2020 година.

Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, стратегијата на земјите од ЈИЕ предвидува и зголемување на ефикасноста на владите за 20 проценти особено во делот на јавните услуги и борбата со корупцијата.

„Влегуваме во втората фаза од ЦЕФТА чиј таргет е либерализирање на трговијата со услуги, обезбедување слободен проток на работна сила во регионот, олеснување на размената преку отстранување на досегашните пречки, поголема транспарентност на владините мерки и на статистичките податоци, како и зголемување на БДП по глава на жител за 33 отсто“, истакна Љубица Нури, виш советник во Комората.

ЦЕФТА ќе воспоставува и приватно јавен дијалог за поголема и поквалитетна размена на информациите околу пречките и потребите на фирмите. Притоа се очекува значително поинтензивна соработка меѓу надлежните, коморите и бизнис-секторот.

„Една од задачите на ЦЕФТА е до 2020 година треба да се воспостави регионален производ, но и трговски канали кон трети земји“, потенцира Нури.

Меѓу препораките е и инвестициите да имаат целосна сигурност и да не постои каква било дискриминација во однос на вложувачите.

Германија најавува техничка помош за компаниите поради што ЦЕФТА апелира тие максимално да ги искористат бенефитите од договорите за слободна трговија за да остварат што поголем профит и да овозможат нови вработувања.

Во првата половина на 2011 ЦЕФТА остварила 58 милијарди евра трговска размена од кои 6,5 милијарди меѓу земјите во регионот и 34,8 милијарди евра кон трети земји.

Првата фаза од ЦЕФТА која завршува заклучно со годинава беше фокусирана на либерализирање на трговијата, отворање на јавните набавки, државната помош и воспоставувањето листа на нетарифни бариери.

Во врска со постигнатите резултати од првата фаза, Нури смета дека е постигнат значаен напредок во поглед на трговијата, но најголем проблем е што од Југоисточна Европа сè уште не е излезен заеднички регионален производ.

 

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан