Ќе се разгледува одлуката на ЕУ за 100 милиони евра помош за Македонија
Објавено во: Економија 10 Јули, 2023
Една од точките на дневниот ред на денешната седница на Советот за општи рабопти (ГАК) на ЕУ во Брисел ќе биде одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Македонија во износ до 100 милиони евра. Оваа помош е предвидена за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, што неминовно ја погоди и македонската економија.
Предлог-одлуката е усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, а претходно беше одобрена и од Европскиот парламент на 13 јуни, а минатата среда и од Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР).
Во предлог-одлуката стои дека енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина придонело за „зголемување на фискалните потреби на Македонија“.затоа што се влошил надворешниот платен биланс со скапото увозно гориво и електрична енергија, известува дописникот на МИА.
- Со оглед на влошената економска ситуација и изгледите, Северна Македонија првпат побара макрофинансиска помош од Унијата за дополнување на програмата на ММФ во април 2022 година. Сепак, Комисијата го стави тоа барање во мирување, бидејќи економијата на земјата во тоа време се уште се покажуваше доста отпорна и имаше некои други опции за финансирање. Владата на Северна Македонија го обнови своето барање за макрофинансиска помош во октомври 2022 година, се додава во предлогот.
Имајќи предвид дека земјава е кандидат за членство и ги започна пристапните преговори, ЕК смета дека таа има право да добие макрофинансиска помош од Унијата како „исклучителен финансиски инструмент за поддршка на платниот биланс, кој има за цел да одговори на непосредните потреби за надворешно финансирање“ и за спроведувањето на мерките за итно прилагодување и структурни реформи за подобрување позицијата на платниот биланс на краток рок, гласи заклучокот.
За одлуката за исплаќање на макрофинасиската помош да биде конечно усвоена, таа треба да биде одобрена и од Советот на ЕУ, по што ќе стапи во сила откако ќе биде потпишана од претседателите на Европскиот парламент и на Советот и објавена во Службениот весник на Европската Унија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.