05 Декември, 2025
0.1135

Ќе се стопира дивоградбата на Сектор 909 на „Плаја Виста“?

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2013 19:15

Добивај вести на Viber

И спорниот објект кај базенот „Плаја Виста“ стана причина за нов конфликт меѓу советниците на ВМРО ДПМНЕ во Центар и градоначалникот Андреј Жерновски. Од ВМРО ДПМНЕ повикаа Жерновски да ја спречи урбаната мафија во општината, на што градоначалникот со писмено соопштение појасни дека инспекторите веќе дале налог за стопирање на изградбата и за отстранување на спорниот објект . На пред конференција пред објектот,  Томислав Лазаров советник на ВМРО-ДПМНЕ побара Жерновски да преземе мерки против дивоградбата како надлежен да ја спречи нејзината изградба. „За оваа дивоградба која никнува во срцето на градот Скопје е донесено решение за стопирање на градбата, но Андреј Жерновски како градоначалник не постапува по истото. Дали зад оваа дивоградба стојат лица блиски до Жерновски и до функционери на СДСМ и дали бизнис интересите се единствената и најголема причина поради кој оваа дивоградба никнува“, рече Лазаров. Во реакцијата на Жерновски се вели дека му наложиле на изведувачот „СЕКТОР 909“ да го отстрани спорниот објект и да престане со градежните зафати околу базенот. „Управителот Борче Гиновски до општина Центар испрати известување дека по приемот на решението постапил веднаш и сам го отстранил објектот и престанал да врши реконструкција на објектите околу базенот, самиот базен и земјиштето и дека не е потребно од страна на Општината присислно извршување. Значи не е точно дека ги игнорирам одлуките на службите и на граѓаните“, се вели во реакцијата на Жерновски кој се пофали дека за месец и половина оствариле многу повеќе, отколку претходниот градоначалник за четири години. На реакцијата на Жерновски, повторно реагираа од ВМРО ДПМНЕ. „Градоначалникот на скопската општина Центар Андреј Жерновски наместо да даде одговори на конкретните прашања и конкретната состојба, се обидува да се испере од одговорноста што на територијата на неговата општина никнува дивоградба во комплексот базени „Плаја Виста". Доволно е, тој утре да дојде на базенот  и да види дека секојдневно таму се одвиваат градежни активности и наместо да се прекине изградбата на дискотеката, таа забрзано се подготвува да профункционира", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите