28 Септември, 2024
0.0293

Ќе се вратат ли „златните денови” за банкарскиот сектор?

Објавено во: Анализа 19 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Иако на западните економии им одзеде неколку години, за да го вратат на ниво пред кризата производственото ниво, многумина се сомневаа дека банките ќе се сетат со ситуацијата и дека ќе ги разгледаат водечките години и моделот на остварување на трговска дејност. Годините на подем во трговијата на финансиските пазари, кога доверителите правеа невидени профити од обврзници, валути и стоки, меѓутоа можеби завршија конечно. За подобро или полошо секторот почна да го сфаќа ова и реакцијата не задоцни. Приходите од инструменти со фиксен принос, валути и стоки - т.н.. FICC (Fixed Income, Currencies and Commodities), продолжија да се намалуваат при повеќето големи американски и европски банки во првиот квартал на 2014 година. Трендот неминовно го зајакна притисокот врз финансиските корпорации за да ги преиспитаат своите бизнис модели. Благодарение на строгата регулаторна средина и потенцијалната пресвртна точка во 20-годишниот циклус на пад на глобалните каматни стапки, достигнато токму пред кризата од 2008 година врвовите многу малку е веројатно да бидат тестирани повторно. Истовремено приходите од тргување со FICC што критичарите понекогаш го опишуваат како "банкарско казино" и се издвојува од традиционалните инвестициски услуги сеуште заземаат над 70 отсто од вкупните приходи на банките според истражувањето на Freeman. Приходите од слична активност на Goldman Sachs минатата година биле 72 отсто од вкупните приходи на банката во споредба со 82% во 2010 година. Кај Morgan Stanley процентот бил 70 проценти со 82% во 2003 година. Внесените по кризата нови регулативи како на глобален план, така и особено во САД и Европа, ефикасно ја ограничија способноста на банките да шпекулираат неконтролирано со разновидните деривативни инструменти, достапни на пазарот. Тоа логично ја собира ликвидноста, а очекувањата беа празнината да се наполни од други од традиционалните производители на свежи пари, како што се хеџ фондовите. Тие сепак беа исто така притиснати од кризата. Влијание врз секторот покажаа и бројните скандали предизвикани од меѓународните истраги за наводните манипулации на бенчмарковите за валутни курсеви и каматната стапка LIBOR. Тие дополнително ги затемнија облаците околу трговијата со FICC и ги принудија банките да издвојат милијарди долари за проценетите трошоци за судски постапки. Последната шајка во ковчегот дојде од Федералните резерви на САД, кој презеде контракција на квантитативните олеснувања и даде барање за пораст на каматните нивоа во иднина. Иако практично не промени ништо од моменталната состојба на пазарот, овој потег на американската централна банка сигнализираше дека времето на најлесните пари е ограничено . Време е финансискиот свет да се врати на рамнотежна положба . К.К.