Ќе се вратат визите за Србија ако таа не исполни еден услов?
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2022 15:01
Европската Унија(ЕУ) не ја исклучува можноста за воведување визи за Србија.
Еврокомесарката Илва Јохансон изјави дека во случај на непочитување на Унијата, суспензија на безвизниот режим за граѓаните на Србија не е исклучено, пишува српска Нова. Има критики за Србија за мигрантите. Велат дека Беград придонел за пристигнување на повеќе мигранти во ЕУ.
Над 106.000 нерегуларни влезови во ЕУ се регистрирани од западнобалканската рута во текот на последниве девет месеци, што е зголемување за 170 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на агенцијата Фронтекс. Рутата најчесто ја користеле сириски, авганистански и турски мигранти. Но, има зголемување на пристигнувањата на мигранти од Куба, Индија, Бурунди и Тунис.
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, пред два дена говореше и за визната политика на Белград. Таа изјави дека таа се состои во исклучување на граѓаните на „оние земји кои не го признаваат Косово“.Во најновиот извештај на Европската Комисија(ЕК) има забелешки на односите на Србија со Хрватска, Црна Гора, Косово, но и фактот дека таа не стави санкции за Русија.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




