19 Декември, 2025
0.1531

ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ КАЗНА ОД 4.800 ЕВРА: Пијан Македонец се забил во паркиран автомобил во Загреб

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2025 22:37

Добивај вести на Viber

Пијан Македонец се забил во паркиран автомобил во Загреб, за што судот му изрече казна од 4.860 евра. 

Четириесет и петгодишен државјанин на Северна Македонија во неделата околу 6 часот утрото предизвикал сообраќајна несреќа на улицата Радничка во Загреб, објави Индекс.хр.

Тој управувајќи возило „фолксваген пасат“ со загрепски регистарски таблички на паркинг простор со предниот лев дел од неговиот автомобил удрил во задниот дел од „рено клио“ со загрепски регистарски таблички, сопственост на 40-годишна жена, кое било паркирано.

Со истрагата и направен алкотестот е утврдено дека 45-годишниот возач го управувал возилото со 1,76 промили алкохол во крвта. Возачот бил уапсен, а подоцна и изведен во Општинскиот прекршочен суд во Загреб. Во сообраќајната несреќа предизвикал материјална штета.

Во обвинителниот акт, полицијата предложила возачот да биде казнет со парична казна од 5.360 евра и затвор, како и да му се изрече заштитна мерка забрана за управување со моторно возило Б категорија во траење од 12 месеци.

Судот го прогласил обвинетиот за виновен и му изрекол парична казна од 4.860 евра и заштитна мерка забрана за управување со моторно возило Б категорија во траење од 12 месеци, објави Индекс.

Foto: PU zagrebačka

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен