24 Ноември, 2024
0.0265

ЌЕ УДРАТ ЛИ НОВИ 100 ДЕНАРИ ЗА ПРЕТПЛАТА ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ - власта уште молчи за фондот за медиуми

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

И натаму молк во Владата за тоа дали ќе носи уредба со која би се формирал Фонд за медиуми, за што кабелските оператори веќе имаат неофицијални информации.

Вчера операторите повторно реагираа дека на оваа тема од Владата се уште немаат добиено официјален став. 

И по неколку денови од нашата Информација дека Владата ќе носи Уредба со која ќе формира Фонд за помош на медиуми, а истиот ќе се полни од пари на операторите, од Владата немаме никаков официјален став. Од тие причини денес до нив доставиваме допис со кој бараме да се изјаснат за нивната намера. Од тоа ќе зависат нашите понатамошни чекори“, соопштија вчера операторите.

А токму тие понатамошни чекори се од голем интерес за граѓаните. Односно, тоа може да значи зголемување на претплатата за кабелските ТВ програми за околу 100 денари. Дали корисниците ќе добијат уште еден зголемен трошок на свој грб, ќе зависи од тоа како во понатамошниот период ќе „одигра“ Владата, односно дали ќе ја донесе уредбата за формирање на Фонд за помош на медиумите.

Она што неофицијално го дознале кабелските оператори е дека Владата планира да донесе уредба со која државата на медиумите ќе им дава одредена сума пари. Од каде би се обезбедиле тие средства, кои медиуми ќе се финансираат, и по кои критериуми, но и која би била целта на ова финансирање, засега власта не дава прецизни одговори. Оттаму единствената изјава е дека тоа би било во форма на неселективна помош на медиумите.

Новинарските организации веќе се изјаснија дека не се согласуваат со евентуални намери да се даваат директно пари во медиумите. Според нив, нема вистинско новинарство со државни пари, бидејќи тоа би оставило простор за корупција и влијание врз нивната уредувачка политика. 

ЗАРАДИ КРИЗАТА, ЗГОЛЕМНИ СЕ ТРОШОЦИТЕ НА ОПЕРАТОРИТЕ

Здружението за информатичко-комуникациски технологии, кои реемитуваат ТВ содржини, веќе се изјасни дека би биле сериозно засегнати од една таква уредба. 

Операторите на јавни комуникациски мрежи кои реемитуваат ТВ содржини, обединети во рамки на ИКТ здружението при Стопанската комора на Македонија, се сериозно засегнати од најавата за Уредба со која ќе се формира таканаречен Фонд за медиуми кој би се финансирал од операторите! Од почетокот на кризата и вонредната состојба во неколку наврати се координиравме во врска со овие и други најави кои сериозно се одразуваат на нашето работење, а посебно во време на здравствена и економска криза. За жал, иако баравме намалување и замрзнување на парафискалните давачки кои се огромен товар на секторот, не добивме ништо повратно, а спротивно од тоа добивме најава за нова парафискална давачка во вид на таканаречен Фонд за медиуми“, велат од Здружението.

Операторите се сериозно загрижени со овие најави, особено што, како што објаснуваат, од почетокот на кризата, заради функционирањето од дома, нивните трошоци се сериозно зголемени.

„Тоа е заради зголемените мрежни и интернет капацитети, посебно кон глобалната интернет мрежа. Доколку се предвиди во Фондот да контрибуираат операторите, оваа давачка ќе мора да се рефлектира и соодветно ќе ја зголеми цената на претплатата!“, децидни се операторите.

Затоа, тие апелираат да не се реализираат вакви, како што ги нарекуваат, идеи кои не се познати во праксата, ни во регионот ниту во Европа, а кои сериозно ќе го нарушат односот помеѓу комерцијални субјекти, операторите и телевизиите. 

„Наместо тоа, апелираме да се намалат постојните парафискални давачки кои ќе овозможат подобро справување и функционирање во состојба на кризата и во надминување на очекуваните проблеми по завршување на здравствената фаза“, нагласуваат од ИКТ Здружението.

Потенцираат дека и во вонредни услови операторите успеаваат да овозможат стабилни и постојани комуникациски услуги.

НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ И КОГА ВЛАДАТА БИ ЈА ДОНЕЛА УРЕДБАТА

За уредбата нема точни информации кога ќе би се донела, но според нашите сознанија, очекувањата на операторите се дека тоа најверојатно би се случило додека трае вонредената состојба. Се калкулира дека Фондот би ги содржел приходите од реемитување на содржините. За овој фонд, според неофицијалните информации, би се одвојувале по претплатник меѓу 60 до 100 денари. Тоа значи, доколку се донесе уредба со која ќе се одобри формирање на ваков Фонд, месечната претплата би се зголемила за околу 100 денари, односно ако досега била 450 денари, сега таа би се искачила на 550 денари.

Операторите велат дека не сакаат да ја зголемат претплатата, но тоа ќе мора да го сторат доколку треба да издвојуваат средства за фондот што би се формирал. „Доколку Владата ја донесе Уредбата, ние можеме или да размислуваме за зголемување на цените на претплатата, или за исклучување на телевизиите, за да не се плаќа соодветната давачка“, велат операторите. 

Фактор се обиде да стапи во контакт со првите луѓе на националните телевизии. Дел не сакаа воопшто да разговараат на темата, а други, пак, ни изјавија дека немаат информации дека би се формирал таков Фонд, па затоа и нема што да коментираат.

Лирим Хајредини, директор на телевизијата Алсат М, која е членка на Македонската медиумска асоцијација ММА, за Фактор вчера кусо изјави дека тој нема информација дека Владата има намера да носи Уредба со која би се формирал фонд за помош на телевизиите.

Тој не сака да зборува ниту за најавата од малите кабелски оператори, дека би можеле да ги исклучат од реемитување телевизиите.

„Нема како да коментирам нешто што е хипотетички. Би било несериозно такво нешто да коментирам. Доколку такво нешто се случи, тогаш би можеле да коментираме“, вели Хајредини.

СКРАТЕН РОКОТ ЗА ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ

А во меѓувреме, завчера во Службен весник излезе Измена на претходната Уредба за примена на Законот за аудио и медиумски услуги за време на вонредна состојба. Таа предвидува забрзано донесување на подзаконските акти за допрецизирање на членот 143 од овој закон, кој според операторите, беше донесен нетранспарентно и е оспорен со иницијатива пред Уставниот суд. Со тоа, сметаат операторите, ќе се забрза донесувањето на контроверзните правилници, кои треба да го дефинираат процесот за кривична одговорност на одговорните лица во операторите, но и во странските канали кои се реемитуваат во државата.

Измената на Уредбата предвидува скратување на јавната расправа на 15 дена (од законските 30) и истите течат и се одвиваат и за време на вонредната состојба, а потоа Советот на Агенцијата за медиуми да ги донесе подзаконските акти во рок од 5 дена по завршувањето на јавната расправа. Според најавите, тоа би требало да се случи до крајот на месецов. Со донесувањето на подзаконските акти, изјавите за кривична, морална и материјална одговорност за одговорните лица кај операторите и странските канали кои се реемитуваат ќе станат задолжителен дел и предуслов за регистрирање на странските канали кои се реемитуваат во државата. 

За ова, според дел од операторите, од Делегацијата на ЕУ во Скопје (по координација со Европската комисија) било оценето дека е преседан кој не постои во европската регулатива и пракса. „Носењето на Измената на Уредбата воопшто не кореспондира со начелото дека уредбите треба да се носат за надминување на проблемите предизвикани со здравствената криза предизвикана од Ковид19 во услови кога има распуштен Парламент, туку ќе предизвика уште поголемо компликувње на и онака контроверзната актуелна регулатива во сферата на медиумите“, сметаат дел од операторите.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“