Ќе успее ли Грција за три дена да ги исполни условите за финансиска помош?!
Објавено во: Економија 02 Јули, 2013 13:36
Рок од три дена има Грција за да ги убеди своите кредитори дека може да ги исполни условите поврзани со пакетот меѓународна финансиска помош, а кои се неопходни за да ја прими новата транша од кредитот, наведоа денес официјални лица од еврозоната.
„Постои незадоволство во врска со напредокот на реформите на грчкиот јавен сектор, вклучувајќи даноци, собирање царина и услуги за здравствена заштита, истакна за „Ројтерс“ официјално лице од монетарната унија, кое учествува во преговорите.
За да го засилат притисокот врз владата во Атина да ги спроведе ветените реформи, кредиторите Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд можат да ја скратат еднократната исплата на траншата и да ја поделат на три месечни исплати, пишуваат грчките медиуми.
Во понеделникот тие ги продолжија разговорите за одмрзнување на траншата од 8,1 милијарди евра, по двонеделната пауза период во кој владата на Грција го избегна паѓањето поради укинувањето на сигналот и врачувањето откази на вработените во државната радио-телевизија ЕРТ.
„Сите се согласија дека Грција мора да ги исполни ветувањата пред состанокот на еврогрупата кој е закажан за понеделник. Затоа во петок мора повторно да извести за постигнатиот напредок", рекол за „Ројтерс“ уште еден неименуван соговорник од еврозоната.
„Преговорите се многу тешки. Брзаме за во што покус временски рок да решиме што повеќе прашања", рекол анонимен грчки функционер кој учествува во преговорите со меѓународните доверители на Атина.
Министерите за финансии на еврозоната ќе се сретнат на 8-ми јули, за да разговараат за состојбата со Грција.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години




