ЌЕ ВРАТАТ ПОМАЛКУ ОД ОНА ШТО ЗАЈМИЛЕ: Банка дава кредити со негативна каматна стапка од 0.5%
Објавено во: Економија 14 Август, 2019 19:43
Jyske, третата најголема банка во Данска на клиентите им понуди кредити со негативна каматна стапка од 0.5%.
Ова значи дека клиентите ќе вратат помалку пари отколку што позајмиле. Доколку некој клиент купи куќа за милион долари и ја отплати хипотеката за десет години, на банката Jyske ќе и врати само 995.000 долари, пишува Business Insider.
Негативната каматна стапка на Jyske е последна во низата екстремно ниски, евтини кредити за недвижности во Данска. Задолжувањето на Данците никогаш не било евтино, па така една од тамошните банки понуди станбени кредити со нула каматна стапка.
„Ова е ново поглавје во историјата на хипотеки и отвора нови можности за сопствениците на домови“, објаснуваат од данската банка Jyske.
Од банката велат дека иако ова изгледало невозможно, сепак изненадувања постојат.
За прв пат во историјата на хипотекарните кредити во Данка банката Abp најави дека ќе почне да нуди станбени кредити на 20 години со фиксна рата на отплата без пресметување камата.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




