05 Декември, 2025
0.0566

ЌЕ ЗАГЛАВИ ЛИ ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА ПОРАДИ СОБРАНИСКИТЕ БЛОКАДИ - Заев зачуден од опозицијата

Објавено во: Економија 26 Декември, 2020 08:08

Добивај вести на Viber

Надвор од здравиот памет е она што го прави опозицијата во Собранието, каде што се обидува да го блокира донесувањето на Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ по пат на спогодба, смета премиерот Зоран Заев.

Ова тој го кажа во вчерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5.

„Во моментов во Собранието се блокирани законите за енергетска ефикасност, за земјоделските кредити кои што треба да влезат во трите откупни центри во државата и слично, што е надвор од рационалното. Но, ова што го слушнав што се разговара за гасоводот, тоа е надвор од здравиот памет“, рече Заев.

Според него, државата смогна сили да реши проблем меѓу државата и „Макпетрол“ кој што е од 2006 година, а второ, купува и станува стопостотен сопственик на целата гасоводна мрежа во државата.

„Тоа е насушниот неопходен услов да почне да се гради интерконекторот со Грција, да добиме евтин гас, да имаме екологија во државата, да имаме поевтина енергија и да ни бидат поконкурентни компаниите, да се греат домаќинствата на повтини енергенси. Има мал милион аргументи“, наглси Заев.

Додаде и дека Европската енергетска заедница ги потврдила и цените и вештачењето, кко и вредноста на имотот.

Односно, како што објасни премиерот, таа е потписник, а вчера било пуштено од неа писмо до парламентот, но кај опозицијата нема разумност да се разговара за она што значи одговорност на секој од чинителите во политичкиот процес.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања