05 Декември, 2025
0.0348

Ќе зајакне ли американската економија?

Објавено во: Анализа 21 Април, 2014 09:54

Добивај вести на Viber

Американската економија се зголеми повеќе од очекуваното во 2013 година и се чини подготвена да зајакне дополнително оваа година. Сèуште има значителен застој во пазарот на трудот, и додека тој продолжува, придобивките од брзиот раст ќе продолжат да бидат концентрирани кај луѓето со повисоки примања, како што беше за време на економско заздравување, пишува за сајтот project-syndicate.org Лора Тајсон, професор на Универзитетот на Калифорнија и поранешен претседател на Економско совет до претседателот. Според последните пресметки на Бирото за економски истражувања БДП се зголеми за 2,7% во 2013 година, во споредба со само 2% во 2012 година. Повеќето предвидувања - вклучувајќи ги и непартиската  Буџетска служба на Конгресот и Федералните резерви - предвидуваат дека растот во 2014 година ќе биде најмалку 2,8%. Наспроти последнитe два слаби извештаи за вработување има многу причини да се очекува дека растот ќе се забрза во 2014 година ,стивнаа реципрочните ветрови - влошените финансиски салда на домаќинствата, потиснатиот пазар на домување и отпуштањата на државните трошоци. Во меѓувреме државните и локалните буџети се подобруваат, а федералниот е на пат да  земе само околу 0,5% од БДП во 2014 година, во споредба со 1,75% во 2013 година. Во година на избори за Конгресот уште еден дестабилизирачки спор за лимитот на долгот е малку веројатен. Голема е веројатноста монетарната политика да остане флексибилна, а инфлацијата - помалку од очекуваното. Всушност ФЕД ја потврди својата намера да ги задржи каматните стапки блиску до нула  откако невработеноста ќе падне под 6,5% (во моментов 6,6%), додека истовремено купувањата на средства  се сведени со по 10 милијарди долари месечно. Приватните трошоци се зголемија за 3,9% во 2013 година, а прогнозите за 2014 година се ветувачкиРеалните трошоци за лична потрошувачка се зголемија за 2,3% во 2013 година, во споредба со 2% во 2011 година и 2012 година. Поголемите потрошувачки трошоци заедно со рекордно корпоративните профити, би требало да ги стимулираат дополнително инвестиционите трошоци оваа година, да се вратат економските активности во земјата и да се подобри трговскиот биланс, благодарение на намалувањето на трошоците за енергија и труд во САД. Шкрилци енергија и анализата на податоци во кои САД имаат силна конкурентска предност, можат да бидат сериозни мотори на растот од страна на понудата. Изгледите за американските работници сепак се помалку оптимистички и несигурни. Покрај силниот економски раст во 2013 година просечниот месечен раст на работните места од околу 193 000 беше само малку над нивото за 2012 година (186 000) и сеуште под своето ново пред кризата од 200 000. Вработувањето во крајот на 2013 година сеуште беше со 1,1 милиони помалку од предрецесиониот  врв. Во ноември 2013 слободните работни места надминаа 4 милиони за прв пат од 2008 година, но бројот на лицата кои бараат работа го надминуваат бројот на слободните позиции во било која индустрија. Кога рецесијата официјално заврши во јуни 2009 година, имаше 6,2 невработени за секое слободно место. Во ноември тој сооднос падна на 2,7, во споредба со 1,8 пред рецесија (и само 1,1 во 2000 година). Кога рецесијата настапи невработеноста се зголеми кај работниците од сите образовни нивоа и е сеуште над нивото од пред рецесијата. Додека краткорочната невработеност (до 26 недели) падна до нивото од периодот 2001-2007 година, тогаш долгорочната останува на рекордно ниво, откако започнале мерењата во 1948 година Долгорочно невработени се околу 36% од вкупниот број невработени, наспроти 46% во март 2011 година, но се уште е далеку над претходното дно од 26%, достигнато пред 30 години. Очигледно во последниве неколку години, долготрајната стагнација на пазарот на труд значи пад на реалните плати за повеќето работници. По истата логика посилниот раст во 2014 година и од затегнувањето на пазарот на трудот треба да доведат до постојан пораст на платен список за 70% од работната сила, чие реално плаќање сеуште не се вратило на нивото од пред рецесијата. Во својот последен говор за состојбата во земјата Барак Обама изјави дека ќе е потребно нешто повеќе од побрз економски раст, за да можат американските работници да се опорават од Големата рецесија. Проширувањето на бенефициите за невработеност на долгорочно невработените, борбата со стигмата против Најмување нив, создавање на повеќе можности за обука и практиканти, како и зголемувањето на минималната плата се сите основни чекори до праведна распределба на придобивките од економското закрепнување. К.К.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени