Ќерката на Сеад Кочан основа компанија за патишта и автопати
Објавено во: Економија 17 Март, 2021
Тима Кочан, ќерката на поранешниот сопственик на „Трансмет“ Сеад Кочан, основа компанија со приоритетна дејност - изградба на патишта и автопати. Новооснованото претпријатие се вика Аваз Холдинг, друштво за градежништво, транспорт, производство и трговија.
Управител е Осман Муртеза, поранешен инжењер на „Трансмет“ за автопати и патишта, а и генерален директор на Технобилд, чија специјалност е нискоградбата. Големината на претпријатието е микро, а седиштето е во Аеродором.
„Трансмет“ покрај тоа што беше вовлечен во случајот „Труст“ на поранешното Специјално јавно обвинителство поради што во 2019 се најде под стечај, а имотот на компанијата стана предмет на конфискација од страна на државата, работеше и на автопатот Кичево - Охрид, како и на реконструкција на скопската обиколница.
Кочан година и пол е во затвор, а Врховниот суд минатата година во септември ја потврди затворска казна од 4 години и 8 месеци за предметот “Труст” на СЈО.
Инаку „Трансмет“ беше најпознат по ископот на јаглен за потребите на АД ЕСМ, а покрај градежна механизација, поседуваше и вредни недвижнини.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.