19 Декември, 2025
0.0392

ЌЕРКАТА ВЛЕГЛА СО НЕА ВО ВОДАТА, НО УСПЕАЛА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ НА БРЕГОТ - детали од трагедијата на Златарското езеро: ДЕЦАТА ВРЕСКАЛЕ И ВИКАЛЕ ПОМОШ

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2022 13:43

Добивај вести на Viber

Се сомневаме дека кога влегла во езерото згазнала на тиња која ја повлекла во длабочините. Нејзината ќерка која ја следела во водата успеала да излезе на брегот, но не и таа. Во моментите кога се борела за живот, пред езерото да ја проголта, децата почнале да врескаат и да викаат помош.

Вака соговорникот на Блиц.рс, упатен во детали во трагедијата, раскажал за трагедијата во Кокин Брод, каде Бојана Секулиќ (38) се удави вчера, пред очите на две малолетни деца.

Како што се дознава, врескањето на преплашените деца го слушнал маж кој случајно се нашол недалеку од местото на несреќата.

- Истрча да помогне и повика полиција - вели соговорникот на Блиц.

Телото на Бојана Секулиќ од Нова Варош, која вчера попладне се удави пред очите на двете малолетни ќерки во Златарското езеро, денеска го извлекоа нуркачи од Жандармеријата.

Бојана вчера не била на работа, па попладнето дошла на езерото со своите ќерки од кои едната е завршена осмоодделенка, а другата завршува шесто одделение. Тие се сончале на брегот, каде што понира водата.

Околу 17 часот, Бојана со една од ќерките влегла во езерото, со намера да си ги излади нозете, бидејќи не знаела да плива. Водостојот на Златарското Езеро е рекордно низок за овој период од годината, а она што Бојана веројатно не го знаела е дека моменталната конфигурација на езерото покрај брегот во Кокиќи е таква што плиткото во кое зачекорила веднаш преминува во голема длабочина. 

Трагедијата во која настрада Бојана се случи недалеку од браната на Златарското езеро, од десната страна на оваа хидроакумулација, спроти ресторанот во кој работела како келнерка.

Извор: Блиц.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација