19 Декември, 2025
0.0429

Клаус кон Грција: Прифатете заедничка валута со Македонија

Објавено во: Свет 12 Март, 2013 09:29

Добивај вести на Viber

Вацлав Клаус се пошегува со Горција, и, и порача да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името. Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република зборуваше за економската криза во Грција и во Европа во целина во либертаријанскиот институт Кејто во Вашингтон, каде препорача Грција да ја напушти Европската Унија.

На прашањето за грчкото вето за македонските интеграции, Клаус одговори:

- Не сакам да давам силни изјави. Се сеќавам кога бев на самитот на НАТО во Букурешт со другите 28 шефови на држави. Поминаа осум часа, од 20 часот вечерта до 4 утрината, обидувајќи се да ја убедиме Грција да ја смени позицијата. И јас учестував во таа дебата, и што друго да кажам. Би требало да имате една валута со Грција. Можеби тоа би го решило проблемот, да и предложите на Грција да имате една валута, и ќе видиме, изјави претседателот Клаус, кој беше на чело на Чешка од 2003 година до минатата недела.

Во своето обраќање Клаус, кој е познат како чест критичар на Европската Унија, препорача спроведување на суштински промени во ЕУ и во начинот на нејзино функционирање, со цел да се спаси европскиот проект. Тој препорачува исклучување на држави од евро-зоната и нејзино сведување на околу осум од сегашните 17 држави.

- Не верувам дека ЕУ треба да се укине, се уште може да се реформира. Но, сметам дека сме на крстопат и не можеме да продолжиме напред вака. Мислам дека е можно неколку држави да си заминат и се ќе биде подобро, изјави Клаус.

Ваквото исклучување на држави од евро-зоната тој го спореди со разделбата на Чешка и Словачка од заедничката држава Чехословачка. Според Клаус, заминувањето на Грција, кој претставува околу два проценти од европската економија, ќе биде многу помала траума отколку што била ‘кадифената’ разделба на Чехословачка, каде помалиот партнер, Словачка, претставувал дури една третина од економијата.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела