КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Ова се земјите под најголем економски ризик!
Објавено во: Анализа 18 Август, 2014 08:09
Филипините се на врвот од листата на Светската банка со земјите во најголема опасност од чести, интензивни бури. Во последните пет години земјата доживеа неколку тајфуни кои, доведоа до огромни загуби.
Во ноември минатата година на пример тајфунот Хајан одзеде над 6 илјади животи, а според податоци на владата во Манила штетите се за околу 13 милијарди долари.
Нигер
Климатските промени може да го попречат развојот на исклучително важната за Нигерија нафтена индустрија. Поплавите од 2012 година, на пример доведоа до загуби од над 500 илјади барели нафта на ден.
Нигер е особено ранлива од катаклизми. Поради зголемувањето на врнежите има ризици и за безбедноста на храната во земјата.
Виетанам
Слично на Нигерија, Виетнам, исто така е брзо растечка економија се соочува со висок ризик поради климатските промени. Главната закана пред земјата - поплави и тајфуни.
Помеѓу 2001 и 2010 година риродни катастрофи, вклучувајќи поплави, лизгање на земјиштето и суша, доведоа до намалување на БДП на земјата со 1,5 отсто годишно во просек, според владините податоци.
Делтата Меконг е особено ранлива територија во однос зголемувањето на морското ниво. Владата предвидува дека ако морското ниво се зголеми за метар, над 20 отсто од Хо Ши Мин Сити ќе бидат поплавени, 10-12% од населението на Виетнам ќе биде директно погодено, а државата ќе изгуби 10 отсто од БДП.
Хаити
Поранешната француска колонија е единствената земја во Северна и Јужна Америка и Карибите, која спаѓа во листата на најзагрозените држави од климатските промени.
Најголем ризик за земјата се земјотресите и ураганите. Таа доживеа серија од природни катастрофи, кои ја влошија сериозно економијата.
Земјата уште се опоравува од катастрофалниот земјотрес од 2010 година, при што загинаа над 220 илјади луѓе, а штетите се проценуваат на повеќе од 8 милијарди долари, според ОН. Населението страда од екстремна сиромаштија, лошо здравство, а квалитетот на инфраструктурата е деградиран.
Земјата станува се повеќе зависна од земјоделството, што исто така трпи сериозни штети поради ураганите.
Бангладеш
Според Светската банка Бангладеш е земја изложена на најголем ризик од системски, тешки поплави поради зголеменото топење на глечерите на Хималаите, што го потхранува дополнително нивото на реките кои минуваат низ земјата. Се зголемува и бројот на циклоните, кои ја погодуваат земјата.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





