Клиничкиот центар ќе се гасифицира – инвестиција вредна 800 000 евра
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2013 16:58
Почнаа градежните работи за гасификација на Клиничкиот центар, капитална инвестицијата вредна 800 000 евра. Таа опфаќа гасификациона мрежа долга 1,5 километар и пренамена на котлите од мазут со комбинирани котли на мазут и гас, со што Клинички центар нема да остане без парно греење во зимскиот период како што беше случај досега.
Инвестицијата се очекува да биде готова во октомври кога почнува грејната сезона. Се очекува Клинички центар да заштедува до 350 000 евра годишно, средства кои министерството ќе ги пренамени за други инвестиции во здравството. Според проценките инвестицијата ќе се поврати за 25 години.
„Во зимскиот период некогаш трошиме и 20 тони мазут дневно, што е една сериозна потрошувачка и големо загадување. Ова го правиме во случај да снема гас или каков било каков дефект да може веднаш да имаме алтернативно гориво за никогаш да не се дозволи Клиничкиот центар да остане без греење или без медицински гасови имајќи предвид дека и во летниот период се користи таа топлана за медицински гасови“, рече Тодоров.
Исто така, Тодоров посочи дека Клиничкиот центар е еден од поголемите потрошувачи на мазут кој исфрла повеќе од 100 тони сулфур диоксид во воздухот годишно и претставува една од клучните причини за загадувањето на овој дел од Скопје.
„Двата оџака во близина на Клиниката за детски болести, 40 години испуштаат сериозни отрови и тоа најмногу не стави на ваква мисла да почнеме со една ваква сериозна инвестиција имајќи предвид дека таму каде што се креира огромно загадување на пет метри од него се лекуваат деца“, рече Тодоров.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





