Клинтон ја започна својата кампања со критика против нееднаквоста во приходите
Објавено во: Свет 14 Април, 2015 10:44
Кандидатот за претседател на САД, Хилари Клинтон, изложена на притисок од левото крило во Демократската партија да води агресивна кампања против нееднаквоста на приходите, изрази вчера загрижување од големите плати, добиени од некои извршни директори, пренесоа агенциите.
Клинтон, која се подготвува за учество на претседателските избори во 2016 година, изјавила дека семејствата во САД сеуште се соочуваат со финансиски тешкотии. Во исто време просечната плата на некои извршни директори е околу 300 пати повеќе отколку просечниот работник, истакна таа.
Забелешката на Клинтон, напишана во електронско писмо до нејзините поддржувачи, беше неочекувана барем за прогресивните гласачи. Тие сметаат дека ваквите изјави се знак дека Хилари може да отстапи од центристичката политика кон која се придржува нејзиниот сопруг Бил Клинтон за време на својот претседателски мандат.
Разликите во приходите во САД драстично се зголемија во последните децении, забележуваат агенциите. Во 1965 година, просечната плата на извршен директор е за 20 пати повеќе од просечниот работник. Во 2013 година директорите добиваат околу 300 пати поголема плата од работникот.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




