„Клубот на Амбасадори“ на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

Објавено во: Економија 09 Април, 2025 13:07
“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на инфраструктурата и создавање услови за поквалитетна здравствена грижа.
„Нашата цел е да поддржиме проекти кои го подобруваат животот на граѓаните и оставаме трајно влијание врз заедницата. Оваа донација е знак на посветеноста на членовите на Македонија2025 кон Македонија и нашата заедничка визија за поубава иднина за децата,“ истакна претставник на Клубот на Амбасадори.
“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 е мрежа на истакнати професионалци, визионери и лидери кои преку своите активности придонесуваат за економскиот и општествениот развој на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа
