ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни
Објавено во: Економија 25 Април, 2025 19:47
Трговските синџири го предупредуваат aмериканскиот претседател Доналд Трамп дека полиците ќе останат празни за две недели.
Иако американските потрошувачи досега беа релативно заштитени, последните одлуки на администрацијата на Доналд Трамп доведуваат до намалување на резервациите, празнење на контејнерските бродови и откажување на испораки.
Трговската војна меѓу САД и Кина продолжува да предизвикува глобални потреси, со сериозни последици по синџирите на снабдување. Шпедициските компании веќе бележат намалување од над 60 отсто во нарачките на стока од Кина, додека некои американски пристаништа, како она во Лос Анџелес, најавуваат големо намалување на сообраќајот.
Извршните директори на најголемите американски трговски ланци – Walmart, Target и Home Depot – оваа недела ја посетија Белата куќа за да ја пренесат својата загриженост: новите царини може да предизвикаат „празни полици“ во продавниците во рок од неколку недели.
Повеќе американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради царините. Дванаесет држави завчера поднесоа тужба.
Меѓу оние кои тужат се Орегон, Аризона, Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Мејн, Минесота, Невада, Њу Мексико, Њујорк и Вермонт.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




