Клуч на кафулињата и рестораните во Србија: Ни треба ли ваква мерка овде?
Објавено во: Балкан 15 Март, 2021
Властите во Србија најверојатно ќе донесат одлука за затворање на угостителските објекти на 10 до 15 дена како мерка која би требало да овозможи да се намали бројот на заразени кој, и покрај вакцинацијата, е висок и се движи до 4 000 луѓе дневно.
Ова за РТС го најавиле од Кризниот штаб и било договорено на координативен состанок на Кризниот штаб, кој нема да се состане денеска, но одлука ќе биде донесена, велат извори од ова тело, пренесува МИА
Здравствените власти сметаат дека нема друг начин да се спречат собирањата, особено на младите, во диви дискотеки, кои секојдневно се откриваат,
Два викенди по ред во Србија се затворени угостителските објекти и трговски центри, а работат само маркетите, аптеките и бензинските пумпи.
Според податоците од српската Влада, досега се вакцинирани нешто повеќе од 1,2 милиони со една доза, и околу 740.000 кои ја примиле и врората, што е околу 21 процент од возрасната популација.
Брнабиќ најави дека денеска во Србија ќе пристигне нова испорака на вакцини „Фајзер“, во текот на неделата нови залихи на „Спутник“, а во април се очекуваат и нови залихи на кинеските вакцини на „Синофарм“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.