25 Ноември, 2024
0.0268

Клуч на врата, отпуштања и финансиски загуби им се закануваат на компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и во Владата

Објавено во: Економија 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат.

Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за извршување може да предизвикаат и корупција. 

Во дописот до ДКСК се наведува дека „постои колизија на одредени законски одредби со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл. 218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки“. 

Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда.

Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители. 

Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса. 
Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување