| 1. „Само ова лето“ од Аби Хименез
„Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее.
Книгата наскоро ќе биде достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk. |
|
| 2. „Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес
„Се гледаме во август“ е последниот „изгубен роман“ на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес, „пронајден“ и објавен десет години по неговата смрт. Тој е напишан во заводлив, фасцинантен стил и е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет...
Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“...
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/50139-se-gledame-vo-avgust |
|
| 3. „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти
Во фокусот на овој крими-трилер е семејството Делејни, чии членови многу се сакаат, но понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе... Читателот е исправен пред моралната дилема, доколку исчезне вашата мајка, дали ќе пријавите во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е вашиот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата браќа и сестри од семејството Делејни. Тие се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат прочуената тениска академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Една вечер, непозната девојка по име Савана тропа на вратата на Стен и Џој, раскрвавена по расправијата со момчето. Делејни се и повеќе од среќни да помогнат. Ако тоа е сè што бара таа.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/krimitriler/52396-semejni-tajni |
|
| 4. „Како да правите ништо“ од Џени Одел
Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп. Но, во овој инспиративен водич за отфрлање на економијата на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да си ги вратиме нашите животи. Одел го гледа нашето внимание како најскапоцен, но и најискористен ресурс што го имаме. И мораме активно и континуирано да избираме како го користиме. Можеби не го користиме за работи што капитализмот ги смета за важни... но откако ќе почнеме да обрнуваме нов вид внимание, пишува таа, можеме да преземеме посмели форми на политичка акција, да ја преосмислиме улогата на човештвото во животната средина и да постигнеме посуштинско разбирање на среќата и прогресот.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/motivacija-i-samopomos/39821-kako-da-pravite-nisto |
|
| 5. „Едно лето во Италија“ од Ребека Серл
Кога ќе почине мајка ѝ на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ѝ била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ѝ е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ѝ на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ѝ, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама. Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот. И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/romansi-romani/33116-edno-leto-vo-italija |
|
| 6. „Кери Сото се врати“ од Тејлор Џенкинс Рејд
Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка која ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/35210-keri-soto-se-vrati |
|
| 7. „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс
Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие. Вдовецот Мукеш, откако ќе му почине сопругата, живее повлечен живот на улицата Илинг. Секоја среда пазарува, оди во храмот и се грижи за неговата внука Прија, која се повлекува во нејзината соба да чита, додека тој ги поминува вечерите гледајќи документарци. Алиша е одлична ученичка, но анксиозна тинејџерка, која преку летото работи во локална библиотека. Сосем случајно, открива стуткано парче хартија на крајот од книгата „Да се убие птицата подбивница“. Тоа е список со романи за кои таа не чула никогаш. Заинтригирана, а по малку и од здодевност поради бавното темпо на работа во библиотеката, таа импулсивно решава да ја прочита секоја книга од списокот, една по една. Секоја приказна е магија – книгите барем за момент ја оттргнуваат Алиша од болната реалност со која се соочува дома. Кога Мукеш пристигнува во библиотеката, очаен да се поврзе со неговата внука и пасионирана читателка Прија, Алиша му препорачува книги од списокот за читање, надевајќи се дека ќе биде полезен и за него, како што е за неа. Полека, споделените книги ги поврзуваат двете осамени души, фикцијата им помага да ги надминат тагата и секојдневните проблеми и повторно да пронајдат радост.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/34393-spisokot-za-citanje |
|
| 8. „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд
„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале... и што ќе остави зад себе. Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива. Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер...
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/30213-malibu-vo-plamen |
|
| 9. „Солунска 28“ (III дел) од д-р Неле Карајлиќ
Третиот и завршен дел од трилогијата „Солунска 28“ конечно е пред верната армија почитувачи на ликот и делото на д-р Неле Карајлиќ. Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува. За сето тоа време, д-р Карајлиќ со својата непресушна смисла за хумор ни ги олеснуваше разбирањето и поднесувањето на светот во кој многу почесто се занимававме со преживување отколку со уживање во животот. Тоа беше ќеф на госпоѓата Историја. Но, д-р Карајлиќ не би бил д-р Карајлиќ ако во својата сага за еден град и две и пол светски војни не ја зграпчи таа иста Историја онаму каде што е најтенка и не ја преврти наопаку...
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/55551-solunska-28-tret-del |
|
| 10. „Лето како во Мама Миа“ од Ени Робертсон
Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановите, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа ѝ прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука...
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/romansi-romani/20470-leto-kako-vo-mama-mia |
|
|