06 Декември, 2025
0.1029

Коце Трајановски: Градот Скопје е заинтересиран паркирањето во градот да се уреди според законските прописи

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2014 15:40

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција ја информира јавноста за активностите што ги презема Градот Скопје за надминување на проблемот со паркинзите на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), откако градоначалникот на општината Центар, Андреј Жерновски, на средба со медиумите обвини дека акцијата за отстранување на хоризонталната и вертикална сигнализација на паркинзите во Дебар Маало 2, која е најавена за 2 и 3 јуни 2014 година, претставува политичка пресметка.

- Ја поздравувам прес-конференцијата на општината Центар на која беа изнесени проблемите со паркирањето во Дебар Маало. Сакам да и појаснам на јавноста дека сите општини во Градот Скопје што сакаат да уредат одреден сообраќаен режим за одредени делници, вклучувајќи го тука и паркирањето, се должни да изработат проект и да го достават до Градот Скопје. Градот Скопје тој проект потоа го доставува до Министерството за внатрешни работи, а од МВР откако ќе го разгледаат проектот може да издадат согласност за новиот сообраќаен режим или да не издадат таква согласност. Ако МВР издаде согласност за воведување нов сообраќаен режим за одредени делници, Градот Скопје е должен да изработи решение за воведување на режимот. Во овој случај, за воспоставување на паркиралишта во општината Центар, МВР не даде согласност. МВР не го одобри проектот на општината Центар зашто на посочените делници во Дебар Маало 1 и 2 веќе е воведен изменет сообраќаен режим, односно, воведен е еднонасочен сообраќај, па сега сообраќајот дополнително би се усложнил. МВР издаде препораки до општината Центар да изработат градежен инфраструктурен проект и да направат џебови за паркирање, а Градот Скопје го задолжи да ја избрише постојната хоризонталната сигнализација на посочените паркинг-места. Доколку Градот Скопје не ги преземе законските мерки за надминување на настанатата состојба со спорните паркиралишта во Дебар Маало 2 и не постапи во согласност со мислењето на МВР, нашите инспектори ќе заработат казни – рече денеска градоначалникот Трајановски.

 Трајановски посочи дека Градот Скопје е заинтересиран паркирањето во градот да се уреди според законските прописи, со цел на граѓаните да им се понуди квалитетна услуга и доволен број паркинг-места.

- Сакам да нагласам дека овде не станува збор за војна, како што не обвинија, ниту за какво било противење. Напротив, Градот Скопје ја поддржува општината Центар во своите напори да го регулира паркирањето на своето подрачје. Токму поради тоа, службите на Градот Скопје и на општината Центар повеќепати заеднички барале решение за настанатиот проблем, а јас и лично остварив повеќе средби со градоначалникот на општината Центар, Жерновски, и разговаравме на оваа тема. Градот Скопје е подготвен да ја продолжи добрата соработка, за да се решат проблемите на граѓаните – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија