15 Декември, 2025
0.0333

КОЦЕВСКИ ТВРДИ: На јавните обвинители не им се исплаќа тоа што по закон е предвидено

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2025 08:23

Добивај вести на Viber

Платата на јавните обвинители и судии е регулирана согласно закон. Доколку законодавецот смета дека e висока може да донесе закон да ја намали. Во тој дел ние не можеме ништо.

Тоа го изјави синоќа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, по објавата од премиерот Христијан Мицкоски дека платата на претседател на суд во државава изнесува 180.000 денари и повикот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ јавните обвинители и судии да работат затоа што биле најдобро платени во регионот. 

Коцевски смета дека потребите на Јавното обвинителство ќе се задоволат со 0,4 проценти средства од Буџетот, иако како што рече во законот што го добил денеска е наведен износ од 0,5 проценти.

- Законодавецот е тој што одлучува за висината на платите. Нека се изврши споредување со околните наши соседи  и нека се утврди колку е платата на јавните обвинители и на судиите во нашето соседство. Ние како јавни обвинители не можеме да влијаеме на платата ни на додатоците на плата затоа што тоа е регулирано со закон, рече Коцевски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител. 

Коцевски дополни дека оваа година обвинителите имаат земено најмалку додатоци, односно само неколку месеци им определил исплата на еден процент.

- Оваа година многу малку, или за еден, два, три месеци можеби се исплатени само додатоци на јавните обвинители и јавно обвинителската служба. Затоа што согласно сегашниот закон Јавниот обвинител може да определи додатоци на јавните обвинители до 30 - 35 проценти, а јас како  јавен обвинител им определив само еден процент за да не бидеме подложни на судски постапки затоа што сепак треба да се штеди. Ценејќи ги сите околности мое дискрециско право за јавните обвинители е да им определам дали ќе имаат или не додатоци. Оваа година имаат земено најмалку додотоци, неколку месеци тоа беше еден процент а потоа и нула, рече Коцевски. 

Во однос на најавата за решение за финансиската независност во судството до крај на годината и дали има пресметка колкав процент би бил доволен за да се исполни работата на Јавното обвинителство, рече дека 0,4 проценти би биле доволни затоа што од 2020 година добиваат 0,2 проценти. 

- И со досегашниот Закон за јавно обвинителство е предвидено на ЈО да му се додели 0,4 проценти од буџетот. Ќе истакнам, на оваа околност забелешка имаше и од страна на Државниот завод за ревизија (ДЗР) извештај во однос на трошењето на буџетските средства. ДЗР многу јасно кажа дека во конкретниот случај на јавните обвинители не им се исплаќа по закон она што е предвидено. Сегашниот закон, еве денеска го добив предлог, и тоа се расправаше неколку месеци, е предвидено тој износ да се зголеми на 0,5 проценти. Законодавецот смета дека така со тој процент ќе се задоволат потребите на Јавното обвинителство. Ние мислиме дури и со 0,4 имајќи предвид дека сега се доделуваат само 0,2. Неколку години, не од оваа власт, неколку години наназад од 2020 година оттогаш наваму се доделуваат секоја година околу 0,2 проценти,  рече државниот јавен обвинител. 

Тој оцени дека вчерашната изјава на  премиерот Мицкоски дека „ниту јавноста не е задоволна од работата на Коцевски и логичен слет на настани би било негова смена“ е „само политичка“ .

- И понатаму ќе продолжам работата да ја вршам законито, совесно, професионално и се уште сметам дека тоа е само политичка изјава затоа што резултатите се истакнати во нашиот годишен извештај. Од страна на Министерството за внатрешни работи имаме прилив од 14.000 предмети, тој прилив обвинителите го решиле. Имаме над 20.000 предмети решени за минатата година. Тоа стои во Извештајот, кој е јавен, што значи дека во однос на работата на јавните обвинотели во моментов со помалку од 70 јавни обвинители а пред неколку месеци со помалку од 100 можам да ги охрабрам обвинителите и да им посакам успешна работа, наведе Коцевски. 


Можеби ќе ве интересира

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер